Vrabotuvanje.com - Комерцијалист за ТТ канал - Скопје - Скопје - Лакталис МК ДООЕЛ Скопје
Сподели
Tweet
Сподели
Испрати на пријател

Комерцијалист за ТТ канал - Скопје

Скопје

Рок за пријавување:

  • Лакталис МК ДООЕЛ Скопје



Лакталис МК ДООЕЛ Скопје, има потреба од следната работна позиција​

Комерцијалист за ТТ канал
Место: Скопје
Опис на работата:
  • Одговара за остварување на резултатите од продажбата (волумен) и реализација на поставените дневни и месечни цели за продажба. Ги имплементира стандардите на компанијата при извршувањето на обврските за делување на пазарот.
Потребни квалификации:
  • ССС
  • Пожелно претходно работно искуство во продажба/дистрибуција
  • Пожелно е искуство во работа со возила, познавање на дистрибуција и комерцијален пазар
  • Б категорија (предност ќе се смета поседување на Ц категорија)
Одговорности и задачи:
  • Гарантира постојано прибирање на податоци од сите продажни места во регионот во врска со степенот на продадени, дистрибуирани и присутни производи и презема акции за подобрување на дистрибуцијата и продажбата на дневна основа
  • Врши амбулантна достава и продажба од комбе
  • Ја следи дистрибуцијата на производите на конкуренцијата во регионот. 
  • Контактира и соработува со дистрибутери и ги спроведува активностите за подобрување на волуменот на продажба и дистрибуцијата. 
  • Одговара за остварување на целите за продажба на дневна основа.
  • Врши посета на купувачите кои се наоѓаат на дефинирана листа за продажба и преговара за продажба на определни производи.
  • Се грижи за целокупниот асортиман кој треба да се испорача следниот ден на купувачите како и за доволна количина на залиха на производи кај купувачот со цел да спречи недостаток на производи во понуда.
Ние нудиме:
  • Месечни бонуси согласно поставените таргети и КПИ

Доколку Ваш професионален избор е Продажбата, доколку верувате дека успехот на компанијата најмногу зависи од луѓето, нивната енергија, тимски дух и желба за работа, самостојно и брзо донесувате одлуки, а решавањето на проблемите за Вас претставува предизвик, Ве очекуваме во нашиот тим!

Сите заинтересирани кандидати своите професионални биографии може да ги достават преку полето Брза Апликација.

Брза апликација
Испрати на пријател Принтај

Vrabotuvanje.com.mk користи колачиња (анг. cookies) за да ви овозможи подобро корисничко искуство. Со продолжување на прегледувањето на страницата се согласувате со употребата на колачиња. Повеќе за тоа можете да прочитате овде