Vrabotuvanje.com - Финансиски контролор - Скопје - Skopje East Gate
Сподели
Tweet
Сподели
Испрати на пријател

Финансиски контролор

Скопје

Рок за пријавување:

  • Skopje East Gate

„Скопје Еаст Гате СЕГ“ дел од „Балфин“ групацијата е мултифункционален комплекс кој е спој на трговски центар, резиденцијален комплекс и канцелариски парк, на површина од 152.000 квадратни метри. Поради проширување на одделот за финансии бараме искусни, амбициозни, аналитични, проактивни кандидати за отворена позиција 
 

Финансиски контролор

 
Потребни квалификации, вештини и личен профил:
  • Универзитетско образование од областа економија и финансии
  • Претходно работно искуство од  минимум 3 години на слична позиција
  • Лиценца за овластен сметководител
  • Предност имаат кандидати со напредно познавање на сметководствен програм Pantheon
  • Одлично познавање на работа во MS Office
  • Одлично познавање на англискиот јазик (усно и писмено)
  • Независност и самостојност во извршување на работните обврски
  • Високо ниво на аналитички вештини, расудување и вештини за идентификување детали на база на податоци и документација
  • Познавања од областа на сметководството и финансиите
  • Систематичност, организираност, иницијативност
  • Флексибилност и ориентираност кон пронаоѓање на решенија
Одговорности и работни задачи:
  • Проверка на влезна и излезна документација согласно интерните процедури и сметководствената политика на компанијата и законската регулатива 
  • Идентификување на неправилностите во работењето и препорака на мерки за отфрлање на ризикот и заштеда на трошоците
  • Почитување и изготвување на интерните правила и процедури на работење
  • Спроведување на интерни контроли за примена на воспоставените процедури од страна на вработените во компанијата
  • Книжење во компјутерскиот/сметководствениот програми на компанијата
  • Контрола на аналитичка сметководствена евиденција и известување до вработени и надворешни лица
  • Комуникација со институции и деловни соработници
  • Изготвување извештаи пред институции и менаџментот на компанијата
  • Вршење сродни работи
  • Надзор на други соработници
Работни услови:
  • Компензација во согласност со искуството и работните обврски
  • Ресурсите за работа се обезбедени од страна на работодавачот
  • Работа во динамична интернационална средина, со амбициозен и професионален тим
     

Доколку сакате да станете дел од една од најголемите инвестициски групации во регионот и да работите на овој возбудлив проект, доставете ја вашата кратка биографија и мотивационо писмо преку полето за аплицирање.

Огласот е активен до 12.12.2019

Само кандидатите кои ги исполнуваат бараните услови ќе бидат контактирани за понатамошна селекција

 

Брза апликација
Испрати на пријател Принтај

Vrabotuvanje.com.mk користи колачиња (анг. cookies) за да ви овозможи подобро корисничко искуство. Со продолжување на прегледувањето на страницата се согласувате со употребата на колачиња. Повеќе за тоа можете да прочитате овде