Vrabotuvanje.com - Комерцијален референт - Скопје - AUTOMAKEDONIJA
Сподели
Tweet
Сподели
Испрати на пријател

Комерцијален референт

Скопје

Рок за пријавување:

  • AUTOMAKEDONIJA

Аутомакедонија e основана во далечната 1946 година, како компанија специјализирана во автомобилската дејност.
Седум децении подоцна, Аутомакедонија сеуште ја негува својата богата традиција и на македонскиот пазар функцонира како комплетно приватизирано, акционерско друштво посветено главно на автомобилскиот бизнис.

Аутомакедонија има заокружена инфраструктура (изложбено продажни салони и сервисни центри), најмодерна опрема за одржување и сервисирање на сите видови и марки на возила и високопрофесионален тим, кои имаат задача на својата богата листа на клиенти да им обезбедат комплетна услуга за нивното возило.

Квалитетот на работењето на Аутомакедонија е еден од основните фокуси на компанијата. Тоа го потврдуваaт и реномираните странски компании, кои неколку години по ред го сертифицираат системот за менаџмент на квалитетот (QMS) на Аутомакедонија согласно меѓународните стандарди ISO 9001:2008, а за општествената одговорност и почитувањето на еколошките стандарди во работата сведочи сертифицираниот систем за заштита на средината според меѓународните стандарди ISO 14001.

Аутомакедонија има потреба од следната работна позиција:
  
КОМЕРЦИЈАЛЕН РЕФЕРЕНТ

 

       Опис на работна позиција:

  • Обработка на теренот, промоција и продажба на резервни делови за возила, моторни масла, пневматици.
     

       Потребни квалификации:

  • Минимум средно образование;
  • Активно познавање и работа со компјутери;
  • Возачка дозвола Б - категорија;
  • Високи комуникациски способности;
  • Претходно искуство во дејноста ќе се смета за предност;
  • Познавање на англиски јазик ќе се смета за предност.

       
       Очекувани способности и вештини:

  • Одлични комуникациски и презентациски вештини;
  • Способност за тимска работа;
  • Претставителност и позитивен став;
  • Динамични, иницијативни и насочени кон резултати;
  • Ориентираност кон клиенти;
  • Флексибилност за работа на терен.

     

Доколку ги исполнувате погоре наведените критериуми, Ве покануваме да ја испратите Вашата биографија преку полето Брза Апликација!

Брза апликација
Испрати на пријател Принтај

Vrabotuvanje.com.mk користи колачиња (анг. cookies) за да ви овозможи подобро корисничко искуство. Со продолжување на прегледувањето на страницата се согласувате со употребата на колачиња. Повеќе за тоа можете да прочитате овде