Vrabotuvanje.com - Mеханичари за патнички и товарни возила - Скопје - AUTOMAKEDONIJA
Сподели
Tweet
Сподели
Испрати на пријател

Mеханичари за патнички и товарни возила

Скопје

Рок за пријавување:

  • AUTOMAKEDONIJA

Аутомакедонија e основана во далечната 1946 година, како компанија специјализирана во автомобилската дејност.
Седум децении подоцна, Аутомакедонија сеуште ја негува својата богата традиција и на македонскиот пазар функцонира како комплетно приватизирано, акционерско друштво посветено главно на автомобилскиот бизнис.

Аутомакедонија има заокружена инфраструктура (изложбено продажни салони и сервисни центри), најмодерна опрема за одржување и сервисирање на сите видови и марки на возила и високопрофесионален тим, кои имаат задача на својата богата листа на клиенти да им обезбедат комплетна услуга за нивното возило.

Квалитетот на работењето на Аутомакедонија е еден од основните фокуси на компанијата. Тоа го потврдуваaт и реномираните странски компании, кои неколку години по ред го сертифицираат системот за менаџмент на квалитетот (QMS) на Аутомакедонија согласно меѓународните стандарди ISO 9001:2008, а за општествената одговорност и почитувањето на еколошките стандарди во работата сведочи сертифицираниот систем за заштита на средината според меѓународните стандарди ISO 14001.

Аутомакедонија има потреба од следната работна позиција:
  
МЕХАНИЧАРИ ЗА ПАТНИЧКИ И ТОВАРНИ ВОЗИЛА

 

       Опис на работна позиција:

  • Механичари за патнички и товарни возила во своите сервисни центри во Скопје.
     

       Потребни квалификации:

  • Минимум средна стручна спрема;
  • Претходно искуство во дејноста – авто механичар;
  • Подготвен за работа во тимска и динамична средина;
  • Можност за континуирано надградување и развој.

       
       Очекувани способности и вештини:

  • Флексибилност, посветеност, лојалност;
  • Динамични, иницијативни, насочени кон резулатати;
  • Позитивен став.
     

Одлични услови за работа!

 

Доколку ги исполнувате погоре наведените критериуми, Ве покануваме да ја испратите Вашата биографија преку полето Брза Апликација!

Брза апликација
Испрати на пријател Принтај

Vrabotuvanje.com.mk користи колачиња (анг. cookies) за да ви овозможи подобро корисничко искуство. Со продолжување на прегледувањето на страницата се согласувате со употребата на колачиња. Повеќе за тоа можете да прочитате овде