Vrabotuvanje.com - Специјалист за заварување со FSW постапка - Скопје - ДУРА АУТОМОТИВЕ ДООЕЛ Илинден
Сподели
Tweet
Сподели
Испрати на пријател

Специјалист за заварување со FSW постапка

Скопје

Рок за пријавување:

  • ДУРА АУТОМОТИВЕ ДООЕЛ Илинден

Специјалист за заварување со FSW постапка 

 
 

Опсег на работата:

  • Заварување на делови, најразлични структури и метални цевки со користење на соодветна опрема и алати и во согласност со техничките спецификации и стандардите за квалитет наведени во соодветните норми за заварување со FSW постапка.   

Главни одговорности:

  • Подготовка и организирање на работата која што треба да се изврши.
  • Анализа и толкување на технички цртежи, скици, дијаграми и друга техничка документација поврзана со опремата и алатите кои што се употребуваат во FSW постапката во зависност од деловите, структурите и профилите кои што треба да се заваруваат со FSW постапка.
  • Ги подготвува металните делови, рабовите за спојување што треба да се заварат, извршувајќи основни операции за мерење, брусење, дупчење, сечење и др. 
  • Поставува метални делови со употреба на соодветна опрема и алати.
  • Врши заварување на метални делови и структури со FSW постапка согласно техничките инструкции исполнувајќи ги барањата за квалитет, специфичните правила и стандарди на активноста.
  • Оддржување на опремата и алатите во согласност со соодветните процедури.
  • Ги следи правилата за заштита при работа, вклучително и носење на ракавици отпорни на топлина, заштитни маски и безбедносни чевли.
  • Го следи работното опкружување од аспект на ризици и оддржува нормално ниво на вентилација за да се избегне вдишување на честички или гасови. 

Потребни квалификации:

  • Техничко образование.
  • Сертификат за заварување.
  • 3 години релевантно искуство.
 

Доколку сте заинтересирани Вашето CV пратете го преку полето "Брза Апликација"

Брза апликација
Испрати на пријател Принтај

Vrabotuvanje.com.mk користи колачиња (анг. cookies) за да ви овозможи подобро корисничко искуство. Со продолжување на прегледувањето на страницата се согласувате со употребата на колачиња. Повеќе за тоа можете да прочитате овде