Vrabotuvanje.com - Специјалист за заварување со MIG постапка - Скопје - ДУРА АУТОМОТИВЕ ДООЕЛ Илинден
Сподели
Tweet
Сподели
Испрати на пријател

Специјалист за заварување со MIG постапка

Скопје

Рок за пријавување:

  • ДУРА АУТОМОТИВЕ ДООЕЛ Илинден

Специјалист за заварување со MIG постапка 

 
 

Опсег на работата:

  • Заварување на делови, најразлични структури и метални цевки со користење на соодветна опрема и алати и во согласност со техничките спецификации и стандардите за квалитет наведени во соодветните норми за заварување со MIG постапка.  

Главни одговорности:

  • Подготовка и организирање на работата која што треба да се изврши.
  • Анализа и толкување на технички цртежи, скици, дијаграми и друга техничка документација поврзана со опремата и алатите кои што се употребуваат во MIG постапката во зависност од деловите, структурите и профилите кои што треба да се заваруваат.
  • Ги подготвува металните делови, рабовите за спојување што треба да се заварат, извршувајќи основни операции за мерење, брусење, дупчење, сечење и др.
  • Поставува и врши дупчење на метални делови со употреба на соодветна опрема и алати.
  • Врши заварување на метални делови и структури со електролачно заварување/ или рачно со употреба на електроди, согласно техничките инструкции и стандардите за квалитет за овој вид на заварување.
  • Врши заварување на метални делови и структури со MIG/MAG/FF процес со употреба на опрема, алати и техники, согласно техничките инструкции исполнувајќи ги барањата за квалитет, специфичните правила и стандарди за овие активности.
  • Врши електролачно заварување на метални цевки и/или со рачен процес со употреба на електроди, согласно техничките инструкции исполнувајќи ги барањата за квалитет, специфичните правила и стандарди за овие активности.
  • Врши заварување на делови и метални структури со TIG постапка со употреба на соодветна опрема, алати и техники.
  • Оддржување на опремата и алатите во согласност со соодветните процедури.
  • Ги следи правилата за заштита при работа, вклучително и носење на ракавици отпорни на топлина, заштитни маски и безбедносни чевли.
  • Го следи работното опкружување од аспект на ризици и оддржува нормално ниво на вентилација за да се избегне вдишување на честички или гасови.

Потребни квалификации:

  • Техничко образование.
  • Сертификат за заварување.
  • 3 години релевантно искуство.
 

Доколку сте заинтересирани Вашето CV пратете го преку полето "Брза Апликација"

Брза апликација
Испрати на пријател Принтај

Vrabotuvanje.com.mk користи колачиња (анг. cookies) за да ви овозможи подобро корисничко искуство. Со продолжување на прегледувањето на страницата се согласувате со употребата на колачиња. Повеќе за тоа можете да прочитате овде