Vrabotuvanje.com - Готвач (м/ж) - Хрватска - Valamar Riviera d.d.
Сподели
Tweet
Сподели
Испрати на пријател

Хрватска

Рок за пријавување:

  • Valamar Riviera d.d.

ВАЛАМАР РИВИЕРА ОТВОРА НОВИ РАБОТНИ МЕСТА ВО 2020 ГОДИНА.
АПЛИЦИРАЈТЕ – Ве чека одлично работно место во Валамар!

Валамар е најголемата туристичка компанија во Хрватска со 36 хотели и одморалишта и 15 кампувачки одморалишта лоцирани од Истра и Кварнер до Дубровник. Ние нудиме најдобри работни услови во Хрватска за сезонска работа во областа на туризмот и можност за развој на кариера во најатрактивниот економски сектор. Валамар им нуди на сезонските вработени плата што е дури 31,5% поголема од просечната плата во туризмот, обезбедувајќи одлично сместување и топли оброци со бројни придобивки.

ГОТВАЧ (м/ж)
Повеќе извршители

Локација: Пореч, Рабац, Остров Крк, Дубровник, Империал Ривиера д.д. (Остров Раб), Империал Ривиера д.д. (Mакарска)

Пријави се на ГОТВАЧ м/ж, повеќе извршители

Потребни знаења, вештини и искуства​:

  • ССС/КВ Кувар;
  • Претходно работно искуство на иста позиција минимум една година;
  • Комуникативност, љубезност.

Основни одговорности:

  • Подготовка на потребната количина на храна за готвење;
  • Одговорност за исправноста на храната и квалитетот на издадените јадења;
  • Подготовка на оброци и десерти според стандардите;
  • Одржување на хигиената и чистотата на работниот простор и површините;
  • Правилна и совесна употреба на кујнски инвентар, опрема и уреди;
  • Примена на мерки и средства за безбедност при работа.

Услови за работа:​

  • Минимална плата во висина од 40.000 денари за одработен полн фонд часови;
  • Работниот однос е заснован на определено време со пробен период во времетраење од еден месец;
  • Подмирени трошоци за сместување и оброци;
  • Работа во динамична и стимулативна средина;
  • Едукација и специјализирана обука за кулинарство.

 


Контакт: ljudski.potencijali@valamar.com

Facebook страна: Dobar posao u Valamaru

Менаџер за обработка на лични податоци: Валамар Ривиера д.д., Република Хрватска, Пореч, Станција Калигари 1.
Цел - Спроведување на постапка за вработување.
Правна основа: Согласност што ја давате со поднесување на барање за работа.
Вашите права - Вашата апликација за вработување во Валамар може да ја повлечете во кое било време и со самото тоа ја повлекувате и согласноста за обработка на Вашите лични податоци. Повлекувањето на согласноста не влијае на законитоста на обработката врз основа на согласноста пред истата да биде повлечена. Вие исто така имате и други права утврдени во Политиката за приватност и регулативата за заштита на личните податоци на ЕУ 2016/679.
За повеќе информации и барање за остварување на вашите права контактирајте на на следната e-mail адреса: ljudski.potencijali@valamar.com
Политика на заштита на лични податоци: Политика на приватност.
За поднесување приговори поврзани со заштита на лични податоци контактирајте го менаџерот на следната e-mail адреса: dpo@valamar.com. Имате и право за поднесување на приговор до надлежен орган.

Аплицирај
Испрати на пријател Принтај

Vrabotuvanje.com.mk користи колачиња (анг. cookies) за да ви овозможи подобро корисничко искуство. Со продолжување на прегледувањето на страницата се согласувате со употребата на колачиња. Повеќе за тоа можете да прочитате овде