Vrabotuvanje.com - Аниматор (м/ж) - Хрватска - Valamar Riviera d.d.
Сподели
Tweet
Сподели
Испрати на пријател

Хрватска

Рок за пријавување:

  • Valamar Riviera d.d.

ВАЛАМАР РИВИЕРА ОТВОРА НОВИ РАБОТНИ МЕСТА ВО 2020 ГОДИНА.
АПЛИЦИРАЈТЕ – Ве чека одлично работно место во Валамар!

Валамар е најголемата туристичка компанија во Хрватска со 36 хотели и одморалишта и 15 кампувачки одморалишта лоцирани од Истра и Кварнер до Дубровник. Ние нудиме најдобри работни услови во Хрватска за сезонска работа во областа на туризмот и можност за развој на кариера во најатрактивниот економски сектор. Валамар им нуди на сезонските вработени плата што е дури 31,5% поголема од просечната плата во туризмот, обезбедувајќи одлично сместување и топли оброци со бројни придобивки.

АНИМАТОР (м/ж)
Повеќе извршители

Локација: Пореч, Рабац, Остров Крк, Дубровник, Империал Ривиера д.д. (Остров Раб), Империал Ривиера д.д. (Макарска)

Пријави се на АНИМАТОР м/ж, повеќе извршители

Потребни знаења, вештини и искуства​:

  • ССС;
  • Не е потребно претходно работно искуство;
  • Кандидатот треба да е полнолетен;
  • Познавање на најмалку два странски јазици;
  • Комуникативност, љубезност, ориентираност кон гости.

Основни одговорности​:

  • Организирање на спортски и забавни настани за гости;
  • Подготовка на простор и опрема потребна за одвивање на програмата;
  • Учество во подготовка и реализација за добредојде на гостите во објектот;
  • Креирање на програми за анимација.

Услови за работа:​

  • Минимална плата во висина од 40.000 денари за одработен полн фонд часови;
  • Работниот однос е заснован на определено време;
  • Подмирени трошоци за сместување и оброци;
  • Работа во динамична и стимулативна средина;
  • Едукација и специјализирана обука.
     

Контакт: ljudski.potencijali@valamar.com

Facebook страна: Dobar posao u Valamaru

Менаџер за обработка на лични податоци: Валамар Ривиера д.д., Република Хрватска, Пореч, Станција Калигари 1.
Цел - Спроведување на постапка за вработување.
Правна основа: Согласност што ја давате со поднесување на барање за работа.
Вашите права – Вашата апликација за вработување во Валамар може да ја повлечете во кое било време и со самото тоа ја повлекувате и согласноста за обработка на Вашите лични податоци. Повлекувањето на согласноста не влијае на законитоста на обработката врз основа на согласноста пред истата да биде повлечена. Вие исто така имате и други права утврдени во Политиката за приватност и регулативата за заштита на личните податоци на ЕУ 2016/679.
За повеќе информации и барање за остварување на вашите права контактирајте на на следната e-mail адреса: ljudski.potencijali@valamar.com
Политика на заштита на лични податоци: Политика на приватност.
За поднесување приговори поврзани со заштита на лични податоци контактирајте го менаџерот на следната e-mail адреса: dpo@valamar.com Имате и право за поднесување на приговор до надлежен орган.

Аплицирај
Испрати на пријател Принтај

Vrabotuvanje.com.mk користи колачиња (анг. cookies) за да ви овозможи подобро корисничко искуство. Со продолжување на прегледувањето на страницата се согласувате со употребата на колачиња. Повеќе за тоа можете да прочитате овде