Vrabotuvanje.com - Технолог - Скопје - Вивакс
Сподели
Tweet
Сподели
Испрати на пријател

Скопје

Рок за пријавување:

  • Вивакс

Вивакс е македонска компанија која постои повеќе од 24 години и брои повеќе од 100 вработени. Постојаното вложување во модернизација на производствените процеси, ја прават една од најуспешните компании на Балканот, во полето на производство на овошни сокови.

Секој напредок и достигнат успех на компанијата е резултат на успешното функционирање на целиот тим, желбата за заедничка работа и позитивната енергија.

​Искористете ја можноста за кариера во Вивакс и аплицирајте за позицијата:

тЕХНолоГ

Одговорности и задачи:

  • Спроведување на функции од делокруг на работа во процесот на производство.
  • Ја следи потрошувачката на суровини, репроматеријали и амбалажа.
  • Врши контрола на квалитетот во целиот процес на производството.
  • Се грижи за одржување на стандардниот квалитет на готовиот производ и неговата безбедност во однос на правилно пакување и лагерирање.
  • Предлага мерки за техничко-технолошко усовршување на процесот.

Потребни квалификации:

  • ВСС (Технолошки факултет - прехрамбена технологија, Хемиски факултет - применета хемија).
  • Активно познавање на англиски јазик.
  • Познавање на работа со компјутер.

Од кандидатот очекуваме:

  • Способност за работа во тим.
  • Самоиницијативност, лојалност, исполнителност и чесност.
  • Организираност и одговорност.
  • Способност за извршување на работни задачи, врзани со рокови.
  • Ефективна вербална комуникација.
 
Сите заинтересирани кандидати нека испратат свое CV со фотографија не постара од 6 (шест) месеци и мотивационо писмо преку полето Брза Апликација со задолжителна назнака “ТЕХНОЛОГ“.
 
Конкурсот е отворен 10 работни денови од неговото објавување (од 08.01.2020 до 21.01.2020).
 
Напомена:
Само апликациите кои ќе влезат во потесен круг, ќе бидат контактирани.
Апликациите без назнака НЕМА да бидат разгледани!
 

Брза апликација
Испрати на пријател Принтај

Vrabotuvanje.com.mk користи колачиња (анг. cookies) за да ви овозможи подобро корисничко искуство. Со продолжување на прегледувањето на страницата се согласувате со употребата на колачиња. Повеќе за тоа можете да прочитате овде