Vrabotuvanje.com - Бравар – заварувач (Одржување на кранови) / Оператор на Тандем - Скопје - ArcelorMittal
Сподели
Tweet
Сподели
Испрати на пријател

Бравар – заварувач (Одржување на кранови) / Оператор на Тандем

Скопје

Рок за пријавување:

  • ArcelorMittal


АрцелорМиттал Скопје, дел од групацијата Либерти Стил, е еден од најголемите производители на челични производи на Балканот и нуди ладновалани котури и табли, поцинкувани котури и табли и пластифицирани котури, главно за сегментот на општа индустрија на регионалниот пазар. 

Со цел проширување на нашиот тим, ги повикуваме сите заинтересирани лица да аплицираат за отворените позиции во нашата компанија, и тоа:

Бравар-заварувач во Одржување на кранови (1 позиција) и Оператор на Тандем (1 позиција)

Бравар – заварувач (Одржување на кранови)

Клучни одговорности и задачи:

  • Врши демонтажа, поправка и монтажа на машински компоненти и делови
  • Врши тековни и превентивни прегледи на крановите 
  • Активно учествува во отстранувањето на дефекти од машинска природа кои настануваат на крановите 
  • Активно учество во плански активности иремонти на кранови (замена на тркала, сајла, монтажа и демонтажа на редуктори и на други машински делови, итн)
  • Се служи со апарат за заварување и изработува разни делови потребни за нормална работа на крановите
  • Правилно ги употребува алатите и помошните средства при демонтажа, санација и монтажа на опремата како и при заварување 
  • Ги спроведува мерките за заштита при работа, пожар и екологија 

Потребни квалификации:

  • Средно стручно образование
  • Работно искуство од мин. 3 години во областа

Личен профил:

  • Професионална експертиза
  • Можност за работа во смени 
  • Можност за работа на висина
  • Строго почитување и примена на стандардите за Здравје и Безбедност при работа

Оператор на тандем

Клучни одговорности и задачи:

  • Работи со сите главни и помошни уреди на постројката согласно програмата за работа
  • Пред да почне со работа ја утврдува исправноста на постројката и другите помошни уреди 
  • Врши припрема на материјалот за валање
  • Поставува котур на одмотувач
  • Учествува во провлекување на траката низ валци до намотувач 
  • Врши проверка на материјалот и на валците за валање 
  • Учествува во промена на работните и потпорните валци и одговара за исправноста на истата 
  • Изваланиот материјал го врзува му пишува податоци и го отпрема на складот после тандем
  • Учествува во промената на дрвени клизачи на пресите помеѓу становите 
  • Врши демонстрација на одредени команди по барање на одржувачките служби 
  • Учествува во ремонти 
  • Повремено учествува во одржувачки активности за кои претходно е обучен и квалификуван 
  • На двостан, вработениот:
    - Поставува материјал, отсекува краеви на котури и ги обележува
    - Поставува котур на одмотувач
    - Ја воведува траката по валци во зависност од начинот на работата д-мод, ц-мод
    - Задава притисок на стан 1 доколку се работи со два стана 
    - Ја контролира и регулира положбата на траката на влез
    - Ја контролира траката од оштетување, подвиткани ивици, телескопичност, лепење на материјалот 
  • Врши и други бизнис задачи по барање на неговиот/нејзиниот главен претпоставен

Личен профил:

  • Комуникациски вештни
  • Организациски вештини
  • Строго почитување и примена на стандардите за Здравје и Безбедност при работа

Потребни квалификации:

  • Средно стручно образование 
  • Работно искуство од мин 1 година 
 
Ве повикуваме да ја доставите Вашата професионална биографија - CV преку полето Брза Апликација со назнака “Апликација за Бравар-Заварувач // Оператор на тандем“ најдоцна до 24.01.2020 година.
Брза апликација
Испрати на пријател Принтај

Vrabotuvanje.com.mk користи колачиња (анг. cookies) за да ви овозможи подобро корисничко искуство. Со продолжување на прегледувањето на страницата се согласувате со употребата на колачиња. Повеќе за тоа можете да прочитате овде