Vrabotuvanje.com - Инженер за одржување - Скопје - ОИЛКО КДА
Сподели
Tweet
Сподели
Испрати на пријател

Инженер за одржување

Скопје

Рок за пријавување:

  • ОИЛКО КДА
 

Командитното друштво со акции за транспорт ОИЛКО КДА - Скопје, распишува:

О Г Л А С

За вработување на 1 (еден) работник на определено време од 3 (три) месеци, на работно место инженер за одржување во Одделението за возен парк во Секторот за возен парк и транспорт.

 

ИНЖЕНЕР ЗА ОДРЖУВАЊЕ

 
 

Кандидатите треба да ги исполнуваат следниве услови:

  • Завршено високо образование – Електро или машински факултет;
  • Со или без работно искуство;
  • Активно познавање на англиски јазик;
  • Напредно користење на MS Office пакетот.

Работни задачи и одговорности:

  • Инсталација, редовно одржување и проверка на мерни системи (протокомерачи, GPS уреди и дигитални тахографи);
  • Изготвување извештаи за исправност на мерни системи (протокомерачи, GPS уреди и дигитални тахографи);
  • Водење на целосна техничка и останата документација за автоцистерни;
  • Водење евиденција за тековна исправност на возилата;
  • Водење евидениција за трошоци на резервни делови и мазива;
  • Изготвување дневни и периодични планови за работа за превентивно, тековно и инвестиционо одржување.
 
Дневното работно време е од 07:00 часот до 15:00 часот.
Неделното работно време изнесува 40 часа, од понеделник до петок.
Платата за горенаведеното работно место изнесува 31500 денари.
Прекувремената работа, работата за време на неработни денови или на денови на празници е платена согласно Законот за работните односи и подзаконските акти.
 

Заинтересираните кандидати треба да достават:

Писмо за мотивација;
Кратка биографија;
Копија од диплома за завршено образование;
Копија од други стекнати дипломи, уверенија или препораки.
 

Потребните документи да се достават на адреса:
„ОИЛКО КДА – Скопје,
ул.10 бр.152, 1042 Миладиновци, Илинден.“
Лице за контакт: Божин Мургоски, телефон за контакт: 02/ 25 20 693.
 
Рокот за пријавување почнува од денот на објавувањето на огласот и трае заклучно со датум 23.01.2020 година. 
 
По истекот на рокот за поднесување на потребните документи, кандидатите кои ги исполнуваат бараните услови ќе бидат повикани на интервју.
 
Изборот на пријавените кандидати ќе се изврши по спроведувањето на интервјуто во рок од 45, 90 или 120 дена по истекот на рокот на пријавувањето, во зависност од бројот на пријавените кандидати, а согласно членот 23 став 2 од Законот за работните односи.
 
Кандидатите кои нема да достават целосна документација, како и апликациите што ќе бидат примени по истекот на крајниот рок, нема да бидат земени во предвид.
 
 
Испрати на пријател Принтај

Vrabotuvanje.com.mk користи колачиња (анг. cookies) за да ви овозможи подобро корисничко искуство. Со продолжување на прегледувањето на страницата се согласувате со употребата на колачиња. Повеќе за тоа можете да прочитате овде