Vrabotuvanje.com - Комерцијалист - Скопје - АЛФА ЛАБ
Сподели
Tweet
Сподели
Испрати на пријател

Комерцијалист

Скопје

Рок за пријавување:

  • АЛФА ЛАБ

КОМЕРЦИЈАЛИСТ

Доколку поседувате искуство, добро познавање и контакти на фармацевтскиот пазар во Македонија, сакате и можете да ја водите и унапредувате продажбата и односот со нашите клиенти (аптеки и лекарски ординации) Ви нудиме работа во позитивна, иновативна и колаборативна средина, можност за добра соработка и брзо напредување.

Одговорности и задачи:

  • Понуда, промоција и презентација на фармацевтски и козметички производи
  • Секојдневна посета, развој и одржување на односите со доктори и фармацевти
  • Редовна изработка и реализација на неделни и месечни извештаи од работата на терен
  • Учество и организирање на стручни собири (за предност ќе се смета претходно искуство)
  • Следење и анализа на фармацевтскиот пазар
  • Идентификување на нови деловни можности и иницирање на контакти за проширување и унапредување на продажната мрежа

Потребни квалификации: 

  • Универзитетска диплома – Фармацевтски, Медицински или Стоматолошки Факултет
  • Положен стручен испит и поседување на валидна лиценца за работа
  • Претходно работно искуство на иста или слична позиција (предност ќе имаат пријавите со препорака од претходните работодавачи)
  • Работа на компјутер, напредно познавање на MS OFFICE пакетот
  • Одлично познавање на англиски јазик
  • Возачка дозвола Б-категорија

Личен профил:

  • Одлични комуникациски и презентациски способности
  • Исклучително добри организирачки способности
  • Способност за тимска и самостојна работа
  • Одговорност кон доверените работни задачи и нивно навремено извршување
  • Позитивен став, подготвеност за работа под притисок и куси рокови
  • Динамичност, флексибилност и самоиницијативност
  • Желба за стекнување на нови знаења и самоусовршување 


Алфа Лаб  е компанија која својот успех го базира на тимската работа и динамичен развој, Ве повикуваме да станете дел од нашиот тим!

Испратете биографија преку полето Брза Апликација.

Брза апликација
Испрати на пријател Принтај

Vrabotuvanje.com.mk користи колачиња (анг. cookies) за да ви овозможи подобро корисничко искуство. Со продолжување на прегледувањето на страницата се согласувате со употребата на колачиња. Повеќе за тоа можете да прочитате овде