Vrabotuvanje.com - Возач - Скопје и Територија на Р.Македонија - РЕД ШПЕД ДООЕЛ
Сподели
Tweet
Сподели
Испрати на пријател

Скопје и Територија на Р.Македонија

Рок за пријавување:

  • РЕД ШПЕД ДООЕЛ

РЕД ШПЕД ДООЕЛ Скопје, една од најуспешните македонски шпедиции, поради брз раст на компанијата и зголемен обем на работа има потреба од вработување на:

ВОЗАЧ
1 (Еден) Извршител


Одговорности и работни задачи:

  • Превезува документи и пратки во Скопје и низ Македонија
  • Се грижи за исправноста и хигиената на возилото 
  • Извршува и други сродни задачи по налог на претпоставениот работник

Потребни квалификации:

  • Најмалку завршено средно образование
  • Претходно работно искуство како возач - најмалку 2 години 
  • Возраст до 40 години
  • Возачка дозвола од Б категорија (поседување на Ц категорија ќе се смета за предност)

Профил на кандидатот:

  • Самостоен во извршувањето на работните задачи 
  • Сериозен, одговорен, организиран и иницијативен 
  • Енергичен, педантен, позитивен и лојален  
  • Способен за работа под временски притисок

Услови од компанијата:

  • Динамична работна средина во брзорастечка компанија   
  • Одлична работна атмосфера, солидни и стабилни приходи
  • Работниот однос за позицијата се заснова на определено време од 3 (три) месеци, со можност за продолжување на договорот 
  • Дневното работно време на оваа позиција е 8 часа, во период од 08:30 до 16:30 часот. Неделното работно време е од понеделник до петок, со повремени дежурства во сабота

 

За повеќе информации контактирајте нѐ на 075-221-829 (Кристијан).

Доколку ги исполнувате нашите услови, аплицирајте со испраќање на Вашата професионална биографија преку полето Брза Апликација со назнака “Возач” во насловот на пораката. Огласот е отворен 7 дена од датумот на објавување. 

Напомена:

Апликациите без приложена биографија нема да бидат разгледувани. Само кандидатите кои ќе влезат во потесен избор ќе бидат контактирани. Ред шпед ДООЕЛ го задржува правото да не избере ниту еден кандидат. 

Сите апликации ќе бидат третирани со строга доверливост. Со самото аплицирање, кандидатот се согласува неговите лични податоци наведени во биографијата да бидат чувани во базата на податоци и обработувани од Ред шпед ДООЕЛ во рок од 1 година од денот на истекот на рокот за избор. Кандидатот има право во секое време да ја повлече дадената согласност за чување и обработка на неговите лични податоци согласно Законот за заштита на лични податоци.

Брза апликација
Испрати на пријател Принтај

Vrabotuvanje.com.mk користи колачиња (анг. cookies) за да ви овозможи подобро корисничко искуство. Со продолжување на прегледувањето на страницата се согласувате со употребата на колачиња. Повеќе за тоа можете да прочитате овде