Vrabotuvanje.com - Техничар за одржување - Скопје - Виталиа Никола и др. ДОO
Сподели
Tweet
Сподели
Испрати на пријател

Техничар за одржување

Скопје

Рок за пријавување:

  • Виталиа Никола и др. ДОO

ВИТАЛИА Никола ДОО, лидер во производство на здрава храна поради зголемување на производните капацитети и отварање на нов погон за производство на барови, објавува слободно работно место на позиција:

ТЕХНИЧАР ЗА ОДРЖУВАЊЕ

Потребни квалификации:

  • Завршено средно/високо образование (машински или електро факутлтет);
  • Претходно работно искуство;
  • Дисциплиниран и иновативен.

Работни обврски:

  • Обезбедува техничка исправност на производните машини, возниот парк како и инсталациите на објектот (струја, воздух, природен гас, климатизација, водовод);
  • Обезбедува технички услови за поголема продуктивност и економичност при работењето (организирање и планирање на операциите во секторот, намалување на трошоците);
  • Учествува во работата со магацинот за резервни делови;
  • Се грижи за исправноста и бројот на алатот за работа;
  • Предлага оптимирање и надградба на постоечката технолошка опрема;
  • Предлага и учествува при избор на нова опрема и усвојување на нови технологии;
  • Учествува во обука при инсталација на машините;
  • Се грижи за спроведување на безбедносните мерки во погонот;
  • Врши контрола на коректност и совесност во работењето со опремата;
  • Утврдува и отстранува механички и/или електрични/електронски дефекти на машините, опремата и инфраструктурните системи;
  • Врши превентивни и периодични прегледи на машините и опремата и води пишана евиденција за извршените активности;
  • Врши монтажа и демонтажа на делови на машините и опремата;
  • Учествува во поставување, преместување, нивелирање, монтирање и пуштање во погон на машините и опремата;
  • Врши промена на масла, масти и други помошни средства и го контролира нивниот квалитет и рокови за употреба.

Работа  во 2 смени

Платени патни трошоци и обезбедна храна

 

Доколку сакате да стекнете нови кариерни искуства и успеси и сте спремни да го прифатите предизвикот, испратете ни ја вашата кратка биографија (CV) преку полето Брза Апликација.

Само избраните кандидати ќе бидат контактирани.

Брза апликација
Испрати на пријател Принтај

Vrabotuvanje.com.mk користи колачиња (анг. cookies) за да ви овозможи подобро корисничко искуство. Со продолжување на прегледувањето на страницата се согласувате со употребата на колачиња. Повеќе за тоа можете да прочитате овде