Vrabotuvanje.com - Контролор во ОЕ Управување со квалитет - Куманово - ФЗЦ 11 ОКТОМВРИ А.Д
Сподели
Tweet
Сподели
Испрати на пријател

Контролор во ОЕ Управување со квалитет

Куманово

Рок за пријавување:

  • ФЗЦ 11 ОКТОМВРИ А.Д

ФЗЦ, Фабрика за заварени цевки 11 Октомври а.д. од Куманово денеска представува производствен гигант не само во рамките на Р. Македонија и Балканот, туку и многу пошироко, како препознатливо име за производство на електро заварени цевки и профили со висок квалитет.

Фабриката е акционерско друшво со доминантен приватен капитал, располага со поголем број на производни капацитети за производство на заварени челични цевки и профили скоро од сите видови и големини, како и нивна соодветна антикорозивна заштита,со што се вбројува како еден од најзначајните производители на овие производи во Југоисточна Европа и важи за сигурен партнер со долгогодишна традиција.

 

Контролор во ОЕ Управување со квалитет
2 (два) извршители

 
 
Одговорности:
  • Согласно операциската листа за контрола, а врз основа на пропишаните процедури и упатства за работа, врши визуелна и мерна контрола на производите и ги спроведува останатите предвидени испитувања и тестирања во производниот погон во кој што е распореден 
  • Врши вагање на готовите производи
  • Составува извештаи предвидени со системот за обезбедување квалитет
  • Одговорен е за правилно сортирање на производите по класи на квалитет
  • Одговорен е за правилно ракување со мерните инструменти
  • Врши и други работи по налог на претпоставениот во рамки на Управување со квалитет и/или во рамки на производство
  • За својата работа одговара на на контролорот на процеси со јонизирачко зрачење и/или контролорот на процеси
 
Потребни квалификации:
  • Стручна подготовка: ССС маш. техничар, гимназија
  • Со или без работно искуство 

Личен профил:
  • Посветеност на работата
  • Желба за учење и напредување во работата
  • Чесност, доверливост и одговорност
  • Тимска работа
Заинтересираните кандидати да достават кратка биографија (CV) преку полето Брза Апликација
Кандидатите кои ги исполнуваат бараните критериуми за позицијата ќе бидат повикани на интервју.
Брза апликација
Испрати на пријател Принтај

СПОРЕДЕТЕ ЈА ВАШАТА ПЛАТА

Просечната плата во категоријата
Сообраќај и Транспорт изнесува 24.623 MKD.

Дознај ја платата за посакуваната позиција според твоите квалификации!

Започни

Vrabotuvanje.com.mk користи колачиња (анг. cookies) за да ви овозможи подобро корисничко искуство. Со продолжување на прегледувањето на страницата се согласувате со употребата на колачиња. Повеќе за тоа можете да прочитате овде