Vrabotuvanje.com - Асистент на менаџер за безбедност и оператор за мониторинг - Скопје - Финансиско друштво ТИГО Фајнанс
Сподели
Tweet
Сподели
Испрати на пријател

Асистент на менаџер за безбедност и оператор за мониторинг

Скопје

Рок за пријавување:

  • Финансиско друштво ТИГО Фајнанс
 
 

ТИГО Фајнанс е водечка финтек компанија во регионот која обезбедува обсег на финансиски услуги. Врз основа на докажаното искуство и достигнувања во индустријата со седиште во Скопје, компанијата има за цел да понуди микрофинансиски услуги на приватни лица на наједноставен и  најбрз начин. 
 
Дали и вас ви е важно колку и нам  постојано да ги подобрувате вашите професионални вештини, напредувањето во кариерата и рамнотежата помеѓу работата и приватниот живот? Со нас, можете да ги живеете секој ден сите овие вредности. 
 
Нашите вработени се нашата најголема вредност и тие го прават Тиго неверојатно место за учење, работа и создавање на нивната и нашата иднина. Сакаме секој ден да го чувствуваме како можност и да бидеме опкружени со оптимизам и креативност. 
 
Поради брзиот раст на компанијата нудиме одлична можност за вработување на  
 
Асистент на менаџер за безбедност и оператор за мониторинг 
 

Позицијата вклучува:

  • Асистирање на Менаџерот за безбедност при креирање на безбедносни процедури и предлагање нови процедури и протоколи;
  • Заедно со Менаџерот за безбедност креирање месечен план за безбедносна проверка, контрола и спроведување на истиот на терен;
  • Следење на видео надзор, адекватно постапување согласно претходно утврдени протоколи и процедури и навремена дојава за евидентирани настани од безбедносен карактер до непосредно претпоставениот;
  • Следење и известување за техничката исправност на доверените технички средства;
  • Подготвување предлози за унапредување на надворешна и внатрешна безбедност на филијалите;
  • Изработка на извештаи на дневна, неделна и месечна основа;
  • Вработениот на оваа позиција одговара на Менаџерот за безбедност. 

 
Профил на кандидат:

  • Завршено најмалку средно образование
  • Искуство во користење релевантна технологија и опрема
  • Претходно работно искуство во релевантната област ќе се смета за предност
  • Одлични комуникациски и оранизациски вештини
  • Познавање на MS Office
  • Способност за тимска работа
  • Преземање одговорност
  • Поседување на возачка дозвола Б категорија и активен возач најмалку 2 години 

 
Услови од компанијата:

  • Технолошки напредно работно опкружување
  • Кариерен развој и постојано надградување преку можности за разни обуки
  • Конкурентен пакет на плата и надоместоци
  • Велнес програми и придобивки од попусти 
  • Можноста да се работи со исклучителен тим на професионалци 

 
Доколку сметате дека сте вистински кандидат кој може да изгради цврсто фокусирана организациска култура, Ве молиме испратете Ваша биографија и мотивационо писмо на македонски јазик преку полето Аплицирај. Компанијата  е работодавач кој нуди еднакви можности за сите. Со аплицирање на овој профил, вашата апликација ќе стане дел од нашата база на потенцијални кандидати. 
 

Финансиско друштво ТИГО Фајнанс ДООЕЛ Скопје 

Брза апликација
Испрати на пријател Принтај

СПОРЕДЕТЕ ЈА ВАШАТА ПЛАТА

Просечната плата во категоријата
Маркетинг, ПР и Медиуми изнесува 28.527 MKD.

Дознај ја платата за посакуваната позиција според твоите квалификации!

Започни

Vrabotuvanje.com.mk користи колачиња (анг. cookies) за да ви овозможи подобро корисничко искуство. Со продолжување на прегледувањето на страницата се согласувате со употребата на колачиња. Повеќе за тоа можете да прочитате овде