Vrabotuvanje.com - Бизнис Аналитичар - Имплементатор - Скопје - Сигма-СБ ДООЕЛ
Сподели
Tweet
Сподели
Испрати на пријател

Бизнис Аналитичар - Имплементатор

Скопје

Рок за пријавување:

  • Сигма-СБ ДООЕЛ
  • Адреса: Прашка 23, 1000 Скопје
  • Веб страна: http://sigmasb.com.mk

 

СИГМА-СБ - компанија за развој и имплементација на софтвер и хардверски решенија, производител на софтвери за целосно управување со работењето и унапредување на севкупните процеси во компаниите, SSB ERP.  Со своите клиенти остварува долгорочно стратегиско партнерство и претставува столб во сите фази на развојот, имплементацијата и надградбата на информатичките системи кај клиенти. Сето тоа со цел за зголемување на нивната успешност и раст.

СИГМА-СБ има потреба од следната работна позиција:

 

Бизнис Аналитичар – Имплементатор


Потребни квалификации:

  • Високо образование
  • Минимум 1 година работно искуство во областа
  • Работа со компјутери (Word, Excel, Outlook…)
  • Напредно познавање на економска терминологија која се користи во областа на компаниски менаџмент
  • Напредно познавање на бизнис процеси

Опис на работни задачи:

  • Анализа и документирање на потребите на корисниците на софтвер 
  • Пишување на јасни, концизни и недвосмислени функционални спецификации за софтвер
  • Прибирање, разбирање и пренесување на барањата на корисниците во облик на функционална спецификација 
  • Управување со промени надоговорените барањата во однос на рок и содржина, за да се обезбеди договорените рокови да бидат исполнети
  • Тесна соработка со проектменаџери и програмери за да се обезбедат најдобри резултати
  • Извршување на проектни активности според дефинирани проектни задачи
  • Дефинирање на задачи за извршување
  • Контрола (тестирање) на резултатот на доделените задачи
  • Организирање и спроведување на обуки според кориснички потреби
  • Подготовка на Извештаи за статус на проект 
  • Поддршка на клиенти и одржување на имплементиран систем

Очекувани способности и вештини:

  • Одлични аналитички вештини
  • Напредни комуникациски вештини
  • Напредни вештини за пишување
  • Вештина за работа на повеќе проекти и менаџирање на сопственото време
  • Основно ниво на техничко знаење
  • Способност за тимска работа
  • Посветеност

Работно место ќе се одвива од понеделник до петок со полно работно време (8 часа) од 08:00 до 16:00 часот. 

Работниот однос  се заснова на неопределено време.

Доколку работната позиција претставува предизвик за Вас, Ве охрабруваме да се пријавите со својата професионална биографија преку полето Брза Апликација.

Брза апликација
Испрати на пријател Принтај

СПОРЕДЕТЕ ЈА ВАШАТА ПЛАТА

Просечната плата во категоријата
Економија, Финансии и Сметководство изнесува 28.521 MKD.

Дознај ја платата за посакуваната позиција според твоите квалификации!

Започни

Vrabotuvanje.com.mk користи колачиња (анг. cookies) за да ви овозможи подобро корисничко искуство. Со продолжување на прегледувањето на страницата се согласувате со употребата на колачиња. Повеќе за тоа можете да прочитате овде