Vrabotuvanje.com - Tехничар за системи за броила со локална комуникација (м/ж) - Скопје - Електродистрибуција ДООЕЛ
Сподели
Tweet
Сподели
Испрати на пријател

Tехничар за системи за броила со локална комуникација (м/ж)

Скопје

Рок за пријавување:

  • Електродистрибуција ДООЕЛ

Електродистрибуција ДООЕЛ е компанија чија главна дејност е дистрибуција на електрична енергија во Република Северна Македонија. Компанијата е дел од EVN групацијата. 
 
КАРИЕРА ВО ЕЛЕКТРОДИСТРИБУЦИЈА 
 
За потребите на одделот Мерење и МДМ  во група Системи за броила со локална комуникација, имаме отворена позиција за: 

TЕХНИЧАР ЗА СИСТЕМИ ЗА БРОИЛА СО ЛОКАЛНА КОМУНИКАЦИЈА (М/Ж)

Работни задачи: 

  • Подготовка и поддршка во процесот за отчитување на броила со локална комуникација,   
  • Комуникација со Координатори на отчитувачи,   
  • Оперативни контакти со Одделите/ КЕЦ   
  • Софтверска обработка и трансфер на отчитаните податоци од броилата 
  • Водење на евиденција, документирање, распоредување на работни средства и опрема, како и одржување на техничката опрема.


Потребни квалификации:

  • III - V степен електротехничко или IT образование 
  • Одлично познавање на MS Office   
  • Возачка дозвола – Б категорија 
  • Одлични организациски и комуникациски вештини
 
Доколку сте заинтересирани за работната позиција испратете биографија на jobs.elektrodistribucija@evn.mk најдоцна до 24.02.2020. 
 
Напомена: Доколку сакате Вашите податоци да бидат зачувани во нашата база на податоци согласно Законот за заштита на лични податоци, покрај биографијата и мотивациското писмо треба да испратите и изјава за дозвола за користење на лични податоци за потребите за вработување.  
 
Електродистрибуција е компанија која нуди еднакви можности и правичен третман при вработување на сите лица без оглед на нивната раса, пол, религија, национална припадност, вид на попреченост или политичка припадност. 
Брза апликација
Испрати на пријател Принтај

СПОРЕДЕТЕ ЈА ВАШАТА ПЛАТА

Просечната плата во категоријата
Останато изнесува 22.029 MKD.

Дознај ја платата за посакуваната позиција според твоите квалификации!

Започни

Vrabotuvanje.com.mk користи колачиња (анг. cookies) за да ви овозможи подобро корисничко искуство. Со продолжување на прегледувањето на страницата се согласувате со употребата на колачиња. Повеќе за тоа можете да прочитате овде