Vrabotuvanje.com - Дипломиран Правник - Скопје - Друштво за консалтинг ЛАНСКИ, ГАНЗГЕР + ПАРТНЕР МАКЕДОНИЈА ДОО Скопје
Сподели
Tweet
Сподели
Испрати на пријател

Дипломиран Правник

Скопје

Рок за пријавување:

  • Друштво за консалтинг ЛАНСКИ, ГАНЗГЕР + ПАРТНЕР МАКЕДОНИЈА ДОО Скопје



Лански, Ганзгер + партнер Македонија ДОО Скопје, една од најголемите меѓународни адвокатски и консултански куќи за деловно право во Централна Европа, која брои над 120 вработени во своите канцеларии во Виена (Австрија), Братислава (Словачка), Нур Султан (Казахстан), Скопје (Северна Македонија), а наскоро и во Тирана (Албанија), објавува оглас за следната работна позиција:
 

ДИПЛОМИРАН ПРАВНИК

Потребни квалификации:

  • Завршен правен факултет;
  • Положен правосуден испит;
  • Минимум 6 години работно искуство во адвокатска канцеларија по положен правосуден испит;
  • Познавање на управно и корпоративно право;
  • Одлично познавање на Англиски јазик;
  • Одлично познавање на MS Office;
  • Организациски и аналитички способности;
  • Комуникациски, интерперсонални и организациски вештини;
  • Одговорна, посветена и лојална личност;
  • Познавање на албански или германски јазик ќе се смета за предност.

Работни задолженија:

  • Секојдневна комуникација со странки;
  • Анализа на релевантни закoни, стратегии и планoви;
  • Учествo вo јавни расправи, сoстанoци и сл.;
  • Изготвување на правни анализи и правни мислења;
  • Следење на законски и подзаконски акти од следните правни области: трговско право; работни односи; облигациони односи; парнична постапка; даночно право; девизно работење; конкуренција; интелектуална сопственост; електронски комуникации;
  • Oстаната пoддршка вo зависнoст oд специфични активнoсти;
  • Службени патувања во странство.

Работни услови:

  • Динамична работна средина за "open minded" луѓе што сакаат да изградат кариера;
  • Континуирани можности за професионален и личен развој во компанијата;
  • Пријатна и работна атмосфера;
  • Работно време, од понеделник до петок, 40 часа неделно;
  • Плата – 60.000 денари.

 

Сите заинтересирани кандидатити можат да ја испратат својата кратка биографија преку полето Брза Апликација. Во предметот на пораката задолжително наведете ја назнаката на работната позиција за која аплицирате. Само кандидатите кои ги исполнуваат бараните услови наведени во огласот ќе бидат вклучени во процесот на селекција и ќе бидат соодветно известени за неговиот тек. 

Конкурсот е отворен 14 дена од денот на неговото објавување.

Брза апликација
Испрати на пријател Принтај

СПОРЕДЕТЕ ЈА ВАШАТА ПЛАТА

Просечната плата во категоријата
Право изнесува 23.814 MKD.

Дознај ја платата за посакуваната позиција според твоите квалификации!

Започни

Vrabotuvanje.com.mk користи колачиња (анг. cookies) за да ви овозможи подобро корисничко искуство. Со продолжување на прегледувањето на страницата се согласувате со употребата на колачиња. Повеќе за тоа можете да прочитате овде