Vrabotuvanje.com - Продажен персонал за во маркети - Скопје - АГРОТЕХНА
Сподели
Tweet
Сподели
Испрати на пријател

Продажен персонал за во маркети

Скопје

Рок за пријавување:

  • АГРОТЕХНА
  • Адреса: Ул. Христо Татарчев 1 бр.21а К.Вода, 1000 Скопје

Високо мотивираниот кадар се смета за главна нишка на нашиот успех. Секој член на нашиот тим помага во развивањето на нашиот бизнис. Затоа, ние ја вреднуваме посветеноста, професионалноста и почитта на нашите вработени, обезбедувајќи соодветна работна средина во која се грижиме за рамнотежата помеѓу животот и работата.

Нашата цел е да прераснеме во лидер во своето поле на бизнис, нудејќи им квалитет, дизајн и пристапни цени на своите клиенти.

Поради понатамошен развој и проширување на тимот, распишуваме оглас за вработување на:

ПРОДАЖЕН ПЕРСОНАЛ ЗА  ВО МАРКЕТИ

Место на вршење на работните задачи во ланецот маркети Рамсторе Скопје

ВАЖНО .. 
Потребна лична особина

Исклучително важно е да бидете добар човек, затоа што оваа компанија сака да работи со добри луѓе кои ќе се грижат за себе и своите најблиски, роднини, пријатели колеги...

Потребно образование, работно искуство, квалификации и вештини:

  • ССС
  • Поседување на одлични комуникациски и вештини за продажба
  • Позитивен став, тимски дух, желба за учење и постигнување успех
  • Лојалност,иницијативност,темелност,енергичност

Одговорности и работни задачи:

  • Услужување на купувачите и продажба на мали апарати за домаќинство
  • Континуирано учење на техничките карактеристики на производите за продажба
  • Други работни задачи поврзани со секојдневното функционирање на продажното место

Што нудиме?

  • Одлични услови за работа во средина со амбициозен и професионален тим
  • Континуирана обука и можност за напредување во дел од комерција на Компанијата
  • Почетна плата 14.500,оо и редовни месечни бонуси и наградувања 
  • Работа во смени,прва и втора, вкупно 40 часа , 6 часа работно време  и 30 минути пауза 
  • Редовен К-15

 Доколку сакате да станете дел од нашиот успешен тим, испратете ја Вашата кратка биографија преку полето Брза Апликација со назнака: „Референт за малопродажба во маркет“

Огласот е активен до 01.03.2020 година.

Брза апликација
Испрати на пријател Принтај

СПОРЕДЕТЕ ЈА ВАШАТА ПЛАТА

Просечната плата во категоријата
Продажба изнесува 22.310 MKD.

Дознај ја платата за посакуваната позиција според твоите квалификации!

Започни

Vrabotuvanje.com.mk користи колачиња (анг. cookies) за да ви овозможи подобро корисничко искуство. Со продолжување на прегледувањето на страницата се согласувате со употребата на колачиња. Повеќе за тоа можете да прочитате овде