Vrabotuvanje.com - Специјалист за одржување на Master data/ Master Data Maintenance Specialist - Охрид - KOSTAL Group
Сподели
Tweet
Сподели
Испрати на пријател

Специјалист за одржување на Master data/ Master Data Maintenance Specialist

Охрид

Рок за пријавување:

  • KOSTAL Group

КОСТАЛ е  денес еден од водечките добавувачи на сложени електронски и мехатронски производи за индустриски и автомобилски апликации. Вклучувајќи ја фабриката сместена во Охрид, КОСТАЛ е лоцирана  во вкупно  21 земја каде што работат повеќе од 20.000 посветени вработени кои ги снабдуваат сите најголеми производители на автомобили на 5 континенти. Фабриката на КОСТАЛ во Охрид во моментов ги снабдува БМВ, Мерцедес, Порше, Тесла и Ролс Ројс. 
 
Дали е важно за Вас, како што е и за нас, процесите континуирано да се унапредуваат и подобруваат, а работата со напредните технологии да стане дел од вашето секојдневие? 
 
Дали сакате да го збогатите вашето професионално и животно искуство во рамките на Компанија која овозможува професионален и личен напредок, обезбедувајќи  истовремено баланс помеѓу работата и приватниот живот.
 
Со нас – КОСТАЛ МАКЕДОНИЈА, можете да направите разлика!
 
КОСТАЛ МАКЕДОНИЈА има потреба од 
 
Специјалист за одржување на Master data/ Master Data Maintenance Specialist
 

Работни задачи и одговорности:
Креирање и одржување на податоците во Master Data за сите нови проекти доделени на КОСТАЛ Македонија. Одговорен е за: 
  • Креирање, ажурирање и ревидирање на сите кодови на производни и не-производни материјали;   
  •  
  • Креирање на листите на материјали (BOM);
  • Креирање на работни планови/листи;
  • Адаптирање на Master Data за производство на електроника (MES); 
  • Имплементација на инженерски промени (ECs); 
  • Пружање на поддршка (сервис) на сите организациони делови во компанијата кои ги користат податоците од Master Data.
 
Потребно образование, искуство, вештини 
  • ВСС  од областа на техничките науки (Електроника ќе се смета за предност);
  • Најмалку 3 години работно искуство во инженерството;
  • Напредно познавање на англиски јазик (чита, пишува, говори). Напредно познавање на MS Office пакетот, особено MS Excel, 
  • Познавање на SAP 
  • Способност за анализа на нумерички податоци;
 
Ако сте заинтересирани да се приклучите на нашиот тим, Ве молиме испратете ја вашета лична биографија “CV” и мотивационо писмо на англиски јазик со известување за "Специјалист за одржување на Master Data/Master data Maintenance Specialist" преку полето Брза Апликација.
 
КОСТАЛ Македонија е работодавач кој нуди  еднакви можности, посветен на ангажирање на разновидна работна сила и одржување на инклузивна култура.
 
Ве молиме имајте предвид дека само избраните кандидати ќе бидат повикани на интервју.
 

Краен рок за пријавување: 20/03/2020
Брза апликација
Испрати на пријател Принтај

СПОРЕДЕТЕ ЈА ВАШАТА ПЛАТА

Просечната плата во категоријата
Производство и Занаетчиство изнесува 24.798 MKD.

Дознај ја платата за посакуваната позиција според твоите квалификации!

Започни

Vrabotuvanje.com.mk користи колачиња (анг. cookies) за да ви овозможи подобро корисничко искуство. Со продолжување на прегледувањето на страницата се согласувате со употребата на колачиња. Повеќе за тоа можете да прочитате овде