Vrabotuvanje.com - Сметководител - Тетово - Lear Corporation
Сподели
Tweet
Сподели
Испрати на пријател

Сметководител

Тетово

Рок за пријавување:

  • Lear Corporation

 

СМЕТКОВОДИТЕЛ  – 1 работна позиција​

Леар како глобален технолошки лидер во Seating и E-Systems, овозможува супериорни автомобилски искуства за потрошувачите во светот. Нашиот разнолик тим од талентирани вработени во 39 земји е воден од посветеност кон инвоацијата, оперативното совршенство и одржливоста. Леар го Прави секое возење подобро™ обезбедувајќи технологија за посигурни, попаментни и поудобни патувања. Леар, чија централа е во Саутфилд, Мичиген, им служи на сите големи производители на автомобили во светот и рангиран е на #147 на Fortune 500 листата. Повеќе информации за Леар можете да најдете на lear.com или следете нé на Twitter @LearCorporation.
 
Ви нудиме одлична можност за работа на позицијата Сметководител во нашата фабрика лоцирана во Развојната Индустриска Зона Тетово, која се наоѓа помеѓу Скопје и Тетово (Дивизија за седишта). 
 
Ова е возбудлива можност за искусни и мотивирани сметководители кои ќе работат во нашата фабрика. 
 
Работни обрврски:
  • Да осигура усогласеност на работењето на компанијата во согласност со Групните политики и локалната законска регулатива;
  • Да осигура усогласеност со локалната даночна и трговска легислатива и упатства (вклучувајќи подготовка на релевантни даночни извештаи, извештаи за потребите на НБРМ);
  • Асистира во месечното затварање и подготовката на Годишната сметка;
  • Одговара за правилна алокација и евидентирање на сите релевантни трансакции во сметководството (побарувања од купувачи, обврски кон добавувачи, банкарски трансакции, основни средства и сл.);
  • Учествува во усогласување на отворени ставки со добавувачи и купувачи;
  • Учествува усогласување на отворени интеркомпаниски ставки;
  • Поддршка во подготовката за навремено плаќање, наплата од добавувачи и купувачи, подготовка на предвидувања за паричните текови;
  • Асистира во подготовката на документацијата за интерна контрола и извршува интерни контроли и
  • Изработува дополнителни извештаи за потребите на компанијата.
Барања поврзани со позицијата:
  • Завршено Високо образование од од областа на Финансии/ Сметководство;
  • Напредно познавање на MS Excel;
  • Напредно ниво на англиски јазик во говорена и пишана форма;
  • Да поседува силни аналитички и вештини за решавање проблеми;
  • Работно искуство од 1 до 5 години, по можност во производствена компанија ќе се смета за предност;
  • Основни познавање на меѓународните сметководствени стандарди применливи во Република Македонија, локална даночна регулатива, финансиска анализа ќе се смета за предност;
  • Да поседува Лиценца/Уверение за овластен сметководител ќе се смета за предност;
  • Искуство во работење со ERP системи ќе се смета за предност;
  • Познавање на US GAAP ќе се смета за предност.
Ве молиме Вашата биографија да ја доставите на lear.macedonia@lear.com најдоцна до 4 април 2020.
Дознајте повеќе за нашата компанија на: www.lear.com
Сите апликации ќе бидат третирани како доверливи податоци.
Брза апликација
Испрати на пријател Принтај

СПОРЕДЕТЕ ЈА ВАШАТА ПЛАТА

Просечната плата во категоријата
Економија, Финансии и Сметководство изнесува 28.521 MKD.

Дознај ја платата за посакуваната позиција според твоите квалификации!

Започни

Vrabotuvanje.com.mk користи колачиња (анг. cookies) за да ви овозможи подобро корисничко искуство. Со продолжување на прегледувањето на страницата се согласувате со употребата на колачиња. Повеќе за тоа можете да прочитате овде