Vrabotuvanje.com - Инженер за планирање на лиени компоненти - Охрид - KOSTAL Group
Сподели
Tweet
Сподели
Испрати на пријател

Инженер за планирање на лиени компоненти

Охрид

Рок за пријавување:

  • KOSTAL Group


КОСТАЛ е  денес еден од водечките добавувачи на сложени електронски и мехатронски производи за индустриски и автомобилски апликации. Вклучувајќи ја фабриката сместена во Охрид, КОСТАЛ е лоцирана  во вкупно  21 земја каде што работат повеќе од 20.000 посветени вработени кои ги снабдуваат сите најголемите производители на автомобили на 5 континенти. Фабриката на КОСТАЛ во Охрид во моментов ги снабдува БМВ, Мерцедес, Порше, Тесла и Ролс Ројс. 
 
Дали е важно за Вас, како што е и за нас, процесите континуирано да се унапредуваат и подобруваат, а работата со напредните технологии да стане дел од вашето секојдневие? 
 
Дали сакате да го збогатите вашето професионално и животно искуство во рамките на Компанија која овозможува професионален и личен напредок, обезбедувајќи  истовремено баланс помеѓу работата и приватниот живот.
 
Со нас – КОСТАЛ МАКЕДОНИЈА, можете да направите разлика!
 
КОСТАЛ МАКЕДОНИЈА има потреба од 
 
Инженер за планирање на лиени компоненти (Production Engineer for single components) во Сектор за Инженеринг
 

Работни задачи и одговорности 
  • Одговорен/а за целосен процес на планирање, трансферирање и валидација на алати лиење на пластика за нови проекти во производствената локација.
  • Временско планирање на активности.
  • Одговорен/а за целосен процес на имплементација на инженерски промени.
  • Организација за оптимизирње на производниот процес при работа со нови проекти со техничиот тим.
Образование, искуство, вештини 
  • ВСС од технички науки (Машински ќе се смета за предност).
  • Познавање на работа со технички цртежи
  • Основно познавање на машинска обработка на метали
  • Основно познавање на алатки за квалитет и контрола на процес
  • Основно познавање на 3Д моделирање
  • Напредно познавање на англиски јазик (чита, пишува, говори);
  • Напредно познавање на MS Office (Excel, Word, Access, e-mail);
  • Познавање на германскиот јазик, како и искуство во работа со SAP или други ERP/MRP софтвери ќе се смета за предност; 
 
Ако сте заинтересирани да се приклучите на нашиот тим, Ве молиме испратете ја вашета лична биографија “CV” и мотивационо писмо на англиски јазик со известување за " Инженер за планирање на лиени компоненти " преку полето Брза Апликација.
 
КОСТАЛ Македонија е работодавач кој нуди  еднакви можности, посветен на ангажирање на разновидна работна сила и одржување на инклузивна култура.
 
Ве молиме имајте предвид дека само избраните кандидати ќе бидат повикани на интервју.

 
Краен рок за пријавување: 31/05/2020
Брза апликација
Испрати на пријател Принтај

СПОРЕДЕТЕ ЈА ВАШАТА ПЛАТА

Просечната плата во категоријата
Производство и Занаетчиство изнесува 24.798 MKD.

Дознај ја платата за посакуваната позиција според твоите квалификации!

Започни

Vrabotuvanje.com.mk користи колачиња (анг. cookies) за да ви овозможи подобро корисничко искуство. Со продолжување на прегледувањето на страницата се согласувате со употребата на колачиња. Повеќе за тоа можете да прочитате овде