Vrabotuvanje.com - JAVA / Hybris Software Developer - Скопје - Corvus Info дооел
Сподели
Tweet
Сподели
Испрати на пријател

JAVA / Hybris Software Developer

Скопје

Рок за пријавување:

  • Corvus Info дооел

Corvus Info e компанија која, меѓу другото, повеќе од една деценија се бави со развој на решенија за веб трговија и он-лајн плаќање, предводејќи ги трендовите на eCommerce пазарот во регионот. Во сегментот на веб трговијата, наша најголема и најпозната референца е еКупи. Исто така, Corvus Info располага со сопствено развиено Internet Payment Gateway (IPG) решение и обезбедува CorvusPay услуги за плаќање преку Интернет на повеќе од 750 веб продавници и мобилни апликации. 
 
Corvus Info моментално е лоциран на две локации, во Загреб и Скопје, со над 50 вработени во подрачјата на програмирањето, веб дизајнот, архитектурата на софтвер, деловната анализа, контролата на квалитет, системската интеграција, продажбата и маркетингот. 
Целта на нашата компанија е засилен понатамошен раст, развој и иновации во eCommerce сегментот, заради што го  засилуваме тимот и вработуваме нови лица на позиција:

 
JAVA / Hybris Software Developer

 


Твои главни задачи и одговорности:
  • Развој на eCommerce решенија базирани на JAVA и SAP Hybris платформата
  • Управување со eCommerce процесите и SAP Hybris платформата
  • Анализа на кориснички барања и имплементација на истите на SAP Hybris (Java/Spring)
  • Изработка и испорака на техничка документација 
  • Активно учество во целиот животен циклус од развојот на производот
  • Автоматизација на интерните процеси за развој и тестирање
  • Code review
  • Соработка со другите тимови (дизајнери, тестери итн.) 
 
Што очекуваме?
  • Минимум 3 години искуство во развој на софтвер во JAVA
  • Познавање на Java и Spring framework
  • Познавање на објектно-ориентирано програмирање
  • Познавање HTML/CSS/Javascript
  • Познавање на еден од дистрибуираните version control системи (Git, Mercurial...)
  • Самостојност, одговорност и проактивност 
 
Предности:
  • Искуство со SAP Hybris платформа
  • Искуство со eCommerce проекти
  • Искуство во работа со платформи 

Што нудиме?
  • Работа на најголемото IPG решение во регионот
  • Можност за стекнување на знаење, вештини и искуство во Интернет плаќањето
  • Користење на модерни технологии и алати 
  • Компетитивни примања кои растат со растот на компетенциите
  • Континуирано стручно усовршување и професионален развој (курсеви, сертификација, конференции)
  • Бројни бенефиции, пр. „клизно“ работно време, поволности за теретана, спортување, ресторани, партнери…
  • Работа во пријатна и млада околина со квалитетен тим на експерти
  • Поволни услови кај нашите клиенти и партнери (банки, веб продавници...)

 

Доколку наведеното ти изгледа интересно, испрати ни ја твојата пријава и биографија на линкот подолу. 
Со нетрпение чекаме да те запознаеме! :)

АПЛИЦИРАЈ

Аплицирај
Испрати на пријател Принтај

СПОРЕДЕТЕ ЈА ВАШАТА ПЛАТА

Просечната плата во категоријата
ИТ, Телекомуникации изнесува 45.517 MKD.

Дознај ја платата за посакуваната позиција според твоите квалификации!

Започни

Vrabotuvanje.com.mk користи колачиња (анг. cookies) за да ви овозможи подобро корисничко искуство. Со продолжување на прегледувањето на страницата се согласувате со употребата на колачиња. Повеќе за тоа можете да прочитате овде