Vrabotuvanje.com - Техничар за одржување - Скопје - ДУРА АУТОМОТИВЕ ДООЕЛ Илинден
Сподели
Tweet
Сподели
Испрати на пријател

Техничар за одржување

Скопје

Рок за пријавување:

  • ДУРА АУТОМОТИВЕ ДООЕЛ Илинден

Техничар за одржување

 
 
ГЛАВНИ ОДГОВОРНОСТИ
  • Ги инсталира и одржува механичките системи во фабриката и/или ги поправа машините или системите во согласност со инженерските спецификации. Работата ја врши под надзор;
  • Ги подмачкува машините во фабриката и ги следи инструкциите од работните упатства;
  • Ги идентификува и поправа механичките проблеми и доколку е потребно, врши и замена и поправка на некои делови од машините;
  • Извршува привремени корективни поправки кога е потребно за да се надмине проблемот и да се избегне запирање на линијата или одложување во процесот на производство;
  • Составува листа од потребни делови/материјали која содржи опис на резервните делови или материјалите;
  • Ги следи и почитува безбедносните мерки за користење на системот и се води според прирачникот за решавање на проблеми;
  • Ги поправа, одржува и инсталира механичките системи и опрема во согласност со нацрт плановите, диајграмите, скиците, работните упатства за користење и спецификациите од производителот за правилно работење на машините како што се: преси, спирални транспортери, сита, екструдери/дигестори;
  • Извршува помали електрични поправки и решавање на проблеми;
  • Одржува чиста и организирана работна средина според стандардите на компанијата;
  • Ги применува принципите на штедливо производство (Lean Manufacturing),  6 σ  и други дисциплини за решавање на проблеми при анализите за откривање на проблемите и се залага да се зголеми капацитетот на опремата и да се отстранат причините за дефекти;
  • Одржува база на податоци за секој дел од опремата за неговите перформанси и поправки за да се предвидат и спречат идни дефекти;
  • Развива превентивни процедури за одржување наменети за операторите на машините и ги обучува операторите на машините да извршуваат рутински подмачкувања, замена на делови, и други задачи поврзани со одржувањето на машините;
  • Развива брзи техники за замена и поправка на машините за да се минимизираат загубите поврзани со производствениот капацитет;
  • Спроведува постојани подобрувања во работата имплементирајки ги принципите на штедливо производство (Lean Manufacturing), 6σ, 5S и др.
     
ПОТРЕБНИ КВАЛИФИКАЦИИ
  • Завршено средно техничко училиште;
  • Минимум 5 години релевантно работно искуство;
  • Познавање на англиски јазик ќе се смета за предност.
     

Сите заинтересирани кандидати своите професионални биографии може да ги достават
преку полето Брза Апликација

Брза апликација
Испрати на пријател Принтај

СПОРЕДЕТЕ ЈА ВАШАТА ПЛАТА

Просечната плата во категоријата
Инсталации, Одржување и Поправки изнесува 24.722 MKD.

Дознај ја платата за посакуваната позиција според твоите квалификации!

Започни

Vrabotuvanje.com.mk користи колачиња (анг. cookies) за да ви овозможи подобро корисничко искуство. Со продолжување на прегледувањето на страницата се согласувате со употребата на колачиња. Повеќе за тоа можете да прочитате овде