Vrabotuvanje.com - Процесен инженер - Скопје - ДУРА АУТОМОТИВЕ ДООЕЛ Илинден
Сподели
Tweet
Сподели
Испрати на пријател

Процесен инженер

Скопје

Рок за пријавување:

  • ДУРА АУТОМОТИВЕ ДООЕЛ Илинден

Процесен инженер

 
 
ГЛАВНИ ОДГОВОРНОСТИ
  • Имплементира и развива сложени подобрувања на производствениот процес, текот на материјали, опремата, дизајнот на производствените процеси, алати или машини и методите за да се овозможи максимално искористување на производствениот капацитет, да се зголеми продуктивноста и да се обезбеди почитување на стандардите за безбедност;
  • Ја следи пробната употреба на алати, производството на пробни примероци и прототипови и ги анализира новите производи за да се подобри производството, квалитетот, да се намалат трошоците и да се обезбеди почитување на здравствените и безбедносните аспекти;
  • Ги дефинира процедурите за поставување, континуирано одржување, безбедно функционирање на новата опрема и одобрува техничка поддршка за надградба на опремата или поправка на постоечката опрема;
  • Учествува во процесот на собирање понуди, проценка на трошоци, дефинирање на распоредот на опремата и производството потребни за лансирање на нов производ за да обезбеди профитабилност и и е задолжен за планирање на распоредите за да се исполнат роковите поврзани со производство;
  • Извршува студии за мерење на време и поставува оперативни стандарди;
  • Бара, анализира и преговара за понуди за капитална опрема, за да се обезбеди ефикасност на трошоците;
  • Извршува покомплексни студии за мерење и балансирање на линиите за нови производи и подобрувања на постоечките производи, а во исто време ги развива вработените во фабриката;
  • Собира и анализира графички податоци за бројот на вработените и производствените стандарди, споредувајќи го производствениот перформанс со ефикасноста и трошоците во производството, постојано стремејќи се кон подобрување на процесите;
  • Истражува и предлага подобрувања на продуктивноста за програмите за намалување на трошоци и технолошките достигнувања за да се одржи конкурентската предност;
  • Поставува стандарди за квалитет кои мораат да бидат исполнети од страна на надворешните изведувачи и добавувачи;
  • Ги анализира и решава проблемите поврзани со најразлични инженерски процеси;
  • Го координира трансферот на различни програми помеѓу фабриките и дивизиите на Дура или помеѓу фабриката и други компании;
  • Користи CAD систем за ажурирање на техничките цртежи;
  • Континуирано истражува, имплементира и поставува безбедносни стандарди за да се обезбеди сигурна и безбедна работна средина.
     
ПОТРЕБНИ КВАЛИФИКАЦИИ
  • Високо образование (машински или електротехнички науки);
  • Најмалку 5 години релевантно работно искуство;
  • Познавање на принципите на штедливо производство (Lean Manufacturing);
  • Одлично познавање на англиски јазик.
     

Сите заинтересирани кандидати своите професионални биографии може да ги достават
преку полето Брза Апликација

Брза апликација
Испрати на пријател Принтај

СПОРЕДЕТЕ ЈА ВАШАТА ПЛАТА

Просечната плата во категоријата
Машинско инженерство и Бродоградба изнесува 26.404 MKD.

Дознај ја платата за посакуваната позиција според твоите квалификации!

Започни

Vrabotuvanje.com.mk користи колачиња (анг. cookies) за да ви овозможи подобро корисничко искуство. Со продолжување на прегледувањето на страницата се согласувате со употребата на колачиња. Повеќе за тоа можете да прочитате овде