Vrabotuvanje.com - Стручен соработник за продажба - Охрид, Неготино, Гевгелија, Кавадарци и Македонски Брод - СН Осигурителен брокер АД Битола
Сподели
Tweet
Сподели
Испрати на пријател

Стручен соработник за продажба

Охрид, Неготино, Гевгелија, Кавадарци и Македонски Брод

Рок за пријавување:

  • СН Осигурителен брокер АД Битола

Бидете дел од најбрзорастечко брокерско друштво во секторот на осигурување – СН Осигурителен брокер АД Битола.

Позитивните резултати, што СН Осигурителен Брокер АД Битола ги постигнува години наназад, од 2014 па се до оваа тековна 2020 година се одраз на експертизата и балансираното управување со фирмата, посветеноста и придонесот на нашиот тим е главната причина за нашиот успех. Пријатната и пријателска атмосфера која што владее меѓу нашиот тим и тимското целење кон тоа да им ги нудиме на клиентите најдобрите и најповолните услуги на најдобар можен начин е она што го согледуваат клиентите во СН Осигурителен Брокер АД Битола.

Доколку сметате дека можете да допринесете и да станете дел од успешниот тим на СН Осигурителен брокер АД Битола, а притоа ги имате квалификациите што се наведени подолу, АПЛИЦИРАЈТЕ! 

Придружете ни се нас и на нашиот професионален тим!

 СН Осигурителен брокер АД Битола има потреба за засновање на работен однос на следното работнo местo:​


СТРУЧЕН СОРАБОТНИК ЗА ПРОДАЖБА
(5 отворени позиции)

​Реон: Oхрид, Неготино, Гевгелија, Кавадарци и Македонски Брод

Како Стручен соработник за продажба потребно е да има:

  • Стручниот соработник за директна продажба треба да го познава пазарот на осигурување во Република Северна Македонија;
  • Бара и придобива нови клиенти;
  • Врши продажба на полиси за различни видови на класи на осигурување;
  • Врши теренско организирање на работата;
  • Врши анализа на портфолио за правни лица;
  • Дава поддршка и помага на осигуреникот околу остварување на своите права од осигурување и се грижи за навремена наплата на премијата на осигурување;
  • Ги обновува постојните полиси за осигурување;
  • Одржува контакти со клиентите и ги известува за сите значајни промени во Друштвото;
  • Води прецизна евиденција за склучените договори за осигурување и преземените активности во тој дел;
  • Должен е да се обучува за ефикасно извршување на работните задачи на работното место.

Потребни квалификации:

  • Висока стручна подготовка (ВСС) ќе се смета за предност;
  • Работно искуство во осигурување-  директна продажба од минимум 1 година;
  • Поседување на брокерска лиценца ќе се смета за предност;
  • Работно познавање во MS Office;
  • Чувство за однос со клиенти;
  • Развиени организациски способности;
  • Возачка дозвола Б категорија.

Услови и бенифиции:

  • Загарантирана бруто-плата;
  • Полно работно време од 40 часа неделно;
  • Договор на определено време од 3 месеци со можност за продолжување на договорот на наопределено време.

Вашата професионална биографија CV пратете ја преку полето Брза Апликација со НАЗНАКА за работна позиција и реон во кој аплицирате.

Напомена: Ќе бидат контактирани само оние кандидати кои ќе бидат избрани во потесен круг.

Придружете ни се нас и на нашиот професионален тим!

WWW.SNBROKER.MK

Брза апликација
Испрати на пријател Принтај

СПОРЕДЕТЕ ЈА ВАШАТА ПЛАТА

Просечната плата во категоријата
Продажба изнесува 22.310 MKD.

Дознај ја платата за посакуваната позиција според твоите квалификации!

Започни

Vrabotuvanje.com.mk користи колачиња (анг. cookies) за да ви овозможи подобро корисничко искуство. Со продолжување на прегледувањето на страницата се согласувате со употребата на колачиња. Повеќе за тоа можете да прочитате овде