Vrabotuvanje.com - Раководител на подружница - Скопје, Валандово, Демир Хисар и Кичево - СН Осигурителен брокер АД Битола
Сподели
Tweet
Сподели
Испрати на пријател

Раководител на подружница

Скопје, Валандово, Демир Хисар и Кичево

Рок за пријавување:

  • СН Осигурителен брокер АД Битола

Бидете дел од најбрзорастечко брокерско друштво во секторот на осигурување – СН Осигурителен брокер АД Битола.

Позитивните резултати, што СН Осигурителен Брокер АД Битола ги постигнува години наназад, од 2014 па се до оваа тековна 2020 година се одраз на експертизата и балансираното управување со фирмата, посветеноста и придонесот на нашиот тим е главната причина за нашиот успех. Пријатната и пријателска атмосфера која што владее меѓу нашиот тим и тимското целење кон тоа да им ги нудиме на клиентите најдобрите и најповолните услуги на најдобар можен начин е она што го согледуваат клиентите во СН Осигурителен Брокер АД Битола.

Доколку сметате дека можете да допринесете и да станете дел од успешниот тим на СН Осигурителен брокер АД Битола, а притоа ги имате квалификациите што се наведени подолу, АПЛИЦИРАЈТЕ! 

Придружете ни се нас и на нашиот професионален тим!

 СН Осигурителен брокер АД Битола има потреба за засновање на работен однос на следното работнo местo:​


РАКОВОДИТЕЛИ НА ПОДРУЖНИЦА
(4 отворени позиции)

​Реон: Скопје, Валандово, Демир Хисар и Кичево

Како РАКОВОДИТЕЛ ќе бидете одговорни за управување со активности на Експозитурата. Тоа вклучува:

  • Ја координира работата за продажба на осигурувања во определените Подружници на Друштвото, односно во дадениот реон;
  • Одржува тренинзи и обуки на вработените во Подружниците;
  • Ја следи работата  на агентите за осигурување;
  • Воспоставува контакти, учествува во изготвувањето на понуди и склучува нови осигурувања, врши обнова на постоечки осигурувања и наплата на премија;
  • Одговорен е за работа на продажната мрежа согласно прописи;
  • Го следи и контролира исполнувањето на месечните индивидуални планови на агентите и исполнувањето на вкупниот план на определените Подружници;
  • Со новите агенти, во првиот месец од работењето реализира задолжително посети на клиентите;
  • Организира состаноци со продажната мрежа;
  • Води евиденција на клиенти;
  • Држи постојана комуникација и ја контролира работата на агентите преку другите канали за дистибуција;
  • Ја поттикнува продажбата преку осмислување на нови концепти за зголемување на продажбата и со  директно учество во промотивни активности, презентации и контакти со клиенти.

Потребни квалификации:

  • Висока стручна подготовка (ВСС) ќе се смета за предност;
  • Работно искуство во осигурување-  директна продажба од минимум 3 година;
  • Поседување на брокерска лиценца ќе се смета за предност;
  • Работно познавање во MS Office;
  • Чувство за однос со клиенти;
  • Развиени организациски способности;
  • Способност за тимска работа;
  • Возачка дозвола Б категорија.

Услови и бенифиции:

  • Загарантирана бруто-плата.
  • Полно работно време од 40 часа неделно;
  • Договор на определено време од 3 месеци со можност за продолжување на договорот на наопределено време.

Вашата професионална биографија CV пратете ја преку полето Брза Апликација со НАЗНАКА за работна позиција и реон во кој аплицирате.

Напомена: Ќе бидат контактирани само оние кандидати кои ќе бидат избрани во потесен круг.

Придружете ни се нас и на нашиот професионален тим!

WWW.SNBROKER.MK

Брза апликација
Испрати на пријател Принтај

СПОРЕДЕТЕ ЈА ВАШАТА ПЛАТА

Просечната плата во категоријата
Менаџмент изнесува 39.113 MKD.

Дознај ја платата за посакуваната позиција според твоите квалификации!

Започни

Vrabotuvanje.com.mk користи колачиња (анг. cookies) за да ви овозможи подобро корисничко искуство. Со продолжување на прегледувањето на страницата се согласувате со употребата на колачиња. Повеќе за тоа можете да прочитате овде