Vrabotuvanje.com - Стручен медицински соработник за Југоисточна Македонија - Југоисточна Македонија - ПХАРМАС ЛЕКОВИ ДООЕЛ Скопје
Сподели
Tweet
Сподели
Испрати на пријател

Стручен медицински соработник за Југоисточна Македонија

Југоисточна Македонија

Рок за пријавување:

  • ПХАРМАС ЛЕКОВИ ДООЕЛ Скопје
  • Адреса: Бул.8-ми Септември бр.2-2/Лок.5, 1000 Скопје
  • Веб страна: http://www.pharmas-group.com/

 

PharmaS е хрватска компанија за производство и продажба на фармацевтски производи основана кон крајот на 2008 година.

Компанијата произведува и дистрибуира висококвалитетни фармацевтски производи, генерички лекови на рецепт, и разновидни безрецептни фармацевтски производи. Редовното снабдување на пазарите со фармацевтски производи е обезбедена од три модерни фармацевтски фабрики во Хрватска и Србија. PharmaS група, покрај на пазарите во Адриа регионот, е присутна и во голем број на пазари во Централна и Источна Европа како и на Блискиот и Далечниот Исток.

За потребите на претставништво на хрватската фармацевтска компанија PharmaS бараме

(1) СТРУЧЕН МЕДИЦИНСКИ СОРАБОТНИК (М/Ж) ЗА ЈУГОИСТОЧНА МАКЕДОНИЈА

*Од кандидатите се очекува да покажат ентузијазам за понатамошно развивање на бизнис операциите на пазарот и да бидат подготвени за имплементирање на најдобрите практики во сите области на работата.


Одговорности:

  • Остварување на предвидениот план за продажба
  • Спроведување на предвидените маркетинг активности
  • Промоција, презентација и продажба на фармацевтски производи
  • Посета на лекари и фармацевти во зададениот регион
  • Постојан професионален развој и стручно унапредување преку присуство на конференции и семинари
  • Градење на добри релации со клиентите и репрезентирање на компанијата PharmaS и производите
  • Поднесување на извештаи за посетите на клиентите, продажбата, трошоците и промотивните активности во зададениот регион
     

Потребни квалификации:

  • Универзитетска диплома VII степен (медицина, фармација, стоматологија, ветерина) или средно медицинско училиште
  • Одлично познавање на MS office пакетот и интернет пребарувачите
  • Одлични организациски способности и вештини на планирање
  • Одлични комуникациски и презентациски вештини
  • Одлично познавање и непречена комуникација (писмена/усна) на: Англиски и Хрватски/Српски јазик
  • Валидна возачка дозвола (Б-категорија)


Профил на идеалниот кандидат:

  • Место на живеење: Струмица/Штип/Кочани/Радовиш/Гевгелија
  • Има работно искуство на иста или слична позиција и го познава на теренот
  • Подготвен за патување
  • Ориентиран кон резултати
  • Посветен на работата и реализација на зададените цели
  • Добар слушател и комуникативен
  • Лојален и дискретен
  • Отворен и искрен
  • Тимски играч


Компанијата ќе ви овозможи:

  • Можности за градење на кариерата во успешна мултинационална компанија која брзо расте
  • Интересна и динамична работна средина
  • Конкурентен паричен надоместок соодветен на постигнатите резултати
  • Службен автомобил, лап-топ, телефон
  • Работа на определено време
     

Доколку сте заинтересирани да станете дел од нашиот тим и ги исполнувате горенаведените услови потребно е да испратите резиме на македонски или на англиски јазик (кратка биографија) со фотографија, мотивациононо писмо како и уверение за завршено соодветно образование, преку полето Брза Апликација.

Ве молиме без телефонски јавувања.

Брза апликација
Испрати на пријател Принтај

СПОРЕДЕТЕ ЈА ВАШАТА ПЛАТА

Просечната плата во категоријата
Продажба изнесува 22.310 MKD.

Дознај ја платата за посакуваната позиција според твоите квалификации!

Започни

Vrabotuvanje.com.mk користи колачиња (анг. cookies) за да ви овозможи подобро корисничко искуство. Со продолжување на прегледувањето на страницата се согласувате со употребата на колачиња. Повеќе за тоа можете да прочитате овде