Vrabotuvanje.com - Главен сметководител - Скопје - Fresh Food DOO
Сподели
Tweet
Сподели
Испрати на пријател

Главен сметководител

Скопје

Рок за пријавување:

  • Fresh Food DOO
  • Адреса: Vrapciste, 100 br.1, 1200 Tetovo

Интернатионал Фреш Фоод ДОО е компанија со седиште во Скопје, формирана во 2018 година од домашни и странски инвеститори. Компанијата има за цел да започне со производство и дистрибуција на свежо пилешко месо на домашниот пазар и пошироко. Визијата на Компанијата е преку изградба на супствени инкубаторски станици, фарми за бролјери, сопствена кланица и фабрика за производство на сточна храна да креира затворен круг на производство на свежо пилешко месо со врвен квалитет и пласирање до потрошувачите на најквалитетен 100% домашен производ.

Интернатионал Фреш Фоод ДОО има потреба од следната работна позицијa

Главен Сметководител

Опис на работното место и одговорности:

  • Води материјално и финансиско сметководство според двојниот систем и тоа: Главна книга,  дневник и аналитичка евиденција;
  • Одлучува во однос на сметководствените политики во друштвото и нивна примена;
  • Се грижи за чување и заштита на сметководствените книги и е задолжен нив да ги презентира на барање на некој државен орган или институција како и на барање на Раководните органи на друштвото;
  • Изготвување и книжење на плати;
  • Врши прием и контрола на сметководстевна документација пред да биде книжена согласно закон и актите на друштвото;
  • Контрола на обработка на девизни сметки и девизни плаќања, увози, набавни калкулации и сл.;
  • Пресметка на ДДВ и данок на добивка, пополнување, потпишување  и поднесување на даночни пријави и сите други обрасци за даночни цели;
  • Контрола на благајнички дневник;
  • Подготовка, потпишување и поднесување на завршна сметка;
  • Подготовка на статистички извештаи;
  • Подготовка на периодични финансиски извештаи (БУ, ББ и готовински тек);
  • Даночни и финансиски консултации и совети за генералниот менаџмент;
  • Буџетирање на идното работење во соработка со извршниот менаџмент.

Потребни професионални квалификации и функционални вештини:

Професионално квалификуван Сметководител кој постојано е во тек со професионалниот развој во своето поле докажано преку следниве критериуми:

  • Диплома за завршено 4-годишно високо образование од Економски Факултет (VII/1степен) (пожелен сектор: сметководство, ревизија или финансиско сметководство);
  • Поседување уверение за овластен сметководител од Институтот за Сметководители и Овластени Сметководители заверено во Регистарот на сметководители РМ;
  • Работно искуство од најмалку 4 години во областа на сметководството. Предност ќе имаат кандидатите со солидно работно искуство во сектор производство и дистрибуција;
  • Одлично разбирање на сметководствени правила и политики, вклучително МСФИ и МСС;
  • Познавање на работа со сметководствени програми;
  • Способност за активно, ефективно, ажурно, брзо и аналитично работењето;
  • Способност за работа во тим, и ефикасно координирање на тим;
  • Аналитичност, почитување на рокови, самоиницијативност и лојалност.

Сите заинтересирани кандидати нека испратат свое CV со фотографија не постара од 6 (шест) месеци на e-mail: hr@fresh-food.eu  со задолжителна назнака “ГЛАВЕН СМЕТКОВОДИТЕЛ’’ или преку полето БРЗА АПЛИКАЦИЈА.

Апликант може да биде секое лице без разлика на расна, верска, национална или политичка припадност.
Изборот на најдобрите кандидати ќе биде извршен најдоцна во рок од 45 дена од завршувањето на рокот за пријавување, во зависност од бројот на пријавените кандидати, во согласност со членот 23 од Законот за работни односи.

Напомена:
Само апликациите кои ќе влезат во потесен круг, ќе бидат контактирани.
Апликациите без назнака НЕМА да бидат разгледани!

Брза апликација
Испрати на пријател Принтај

СПОРЕДЕТЕ ЈА ВАШАТА ПЛАТА

Просечната плата во категоријата
Економија, Финансии и Сметководство изнесува 28.521 MKD.

Дознај ја платата за посакуваната позиција според твоите квалификации!

Започни

Vrabotuvanje.com.mk користи колачиња (анг. cookies) за да ви овозможи подобро корисничко искуство. Со продолжување на прегледувањето на страницата се согласувате со употребата на колачиња. Повеќе за тоа можете да прочитате овде