Vrabotuvanje.com - Медицински претставник - Скопје - АЛФА ЛАБ
Сподели
Tweet
Сподели
Испрати на пријател

Медицински претставник

Скопје

Рок за пријавување:

  • АЛФА ЛАБ

МЕДИЦИНСКИ ПРЕТСТАВНИК

Доколку поседувате искуство, добро познавање и контакти на фармацевтскиот пазар во Македонија, сакате и можете да ја водите и унапредувате продажбата и односот со нашите клиенти (аптеки и лекарски ординации) Ви нудиме работа во позитивна, иновативна и колаборативна средина, можност за добра соработка и брзо напредување.

Одговорности и задачи:

  • Регистрација на суплементи (додатоци во исхрана);
  • Посета на доктори;
  • Организирање и водење на презентации, едукација и мотивација кај купувачите;
  • Секојдневна комуникација со постоечките купувачи;
  • Редовна посета на купувачите и продажните места на терен.

Потребни квалификации: 

  • Универзитетска диплома - Фармацевтски, Медицински или Стоматолошки Факултет;
  • Положен стручен испит;
  • Претходно работно искуство на иста или слична позиција;
  • Работа на компјутер, напредно познавање на MS OFFICE пакетот;
  • Познавање на англиски јазик;
  • Возачка дозвола Б - категорија.

Личен профил:

  • Комуникативност и претставителност;
  • Изразена вештина за презентација и способност за преговарање;
  • Самоиницијативност;
  • Подготвеност за работа под притисок и куси рокови;
  • Способност за тимска и самостојна работа;
  • Флексибилност за работа на терен;
  • Позитивен став.
     

Плата: 25 000 - 30 000 денари (дополнително бонуси).

Алфа Лаб  е компанија која својот успех го базира на тимската работа и динамичен развој, Ве повикуваме да станете дел од нашиот тим!

Испратете биографија преку полето Брза Апликација.

Брза апликација
Испрати на пријател Принтај

СПОРЕДЕТЕ ЈА ВАШАТА ПЛАТА

Просечната плата во категоријата
Фармација и Биотехнологија изнесува 36.814 MKD.

Дознај ја платата за посакуваната позиција според твоите квалификации!

Започни

Vrabotuvanje.com.mk користи колачиња (анг. cookies) за да ви овозможи подобро корисничко искуство. Со продолжување на прегледувањето на страницата се согласувате со употребата на колачиња. Повеќе за тоа можете да прочитате овде