Vrabotuvanje.com - Kоординатор за логистика - Скопје - ИМПЕРИАЛ ТОБАКО ТКС
Сподели
Tweet
Сподели
Испрати на пријател

Kоординатор за логистика

Скопје

Рок за пријавување:

  • ИМПЕРИАЛ ТОБАКО ТКС

Империал Тобако ТКС а.д. Скопје

Ви нуди вистински предизвик – да работите во компанија – лидер на пазарот

Империал Тобако ТКС а.д. Скопје е дел од Империал Тобако Групацијата (ИТГ), една од светските водечки мултинационални компании со продажба во над 160 земји во светот. Географската и оперативна разновидност обезбедува цврстина на бизнисот и платформа за понатамошен развој.

Бидете наш:

KООРДИНАТОР ЗА ЛОГИСТИКА
(определен период – 1 година) 

Со:
  • Висока стручна спрема (Економски факултет се смета за предност);
  • Најмалку 3 години релевантно работно искуство во областа на логистика / набавки;
  • Искуство во интернационална компанија и работење со производи за широка потрошувачка се смета за предност;
  • Високо развиени комуникациски, преговарачки и организациски вештини, аналитички способности, тимски играч;
  • Напредно познавање на деловен англиски јазик;
  • Одлично познавање на компјутерски програми во MS Office;
  • Познавање на SAP и QAD или на други комплексни компјутерски системи ќе се смета за предност. 
 
Општи одговорности на работното место:
  • Одговорен за  организација и обезбедување на непречена логистика, испорака, прием и набавка на тутуни и други материјали за потребите на ИТ ТКС, во согласност со производниот план, компаниските процедури, ISO стандардите и законска регулатива, а во координација со претпоставениот, институциите на државата, царината и шпедитерите;
  • Ги координира активностите во делот на ланецот на набавки;
  • Организира и обезбедува непречена испорака на цигари за извозните пазари;
  • Подготвува калкулации на трошоците за планираните набавки, врши нарачка на материјалите и спроведува контрола на финансиските документи за извршените нарачки;
  • Учествува во подготовка на договори и протоколи со добавувачите и ја координира нивната имплементација;
  • Комуникација и координација помеѓу фабриката и централниот тим задолжен за пакувачки материјали преку софтверски програм;
  • Спроведува соодветна анализа, планирање и месечни ивештаи со цел да се овозможи непречена логистика, прием и набавка на материјалите;
  • Спроведува други задачи во согласност со потребите на деловните процеси.
Кандидатите кои ги исполнуваат наведените квалификации 
можат да испратат мотивациско писмо, биографија (CV) и фотографија 
најдоцна до 5 август 2020 преку полето Брза Апликација.
 
Само апликантите кои ќе влезат во потесен круг на селекција, ќе бидат контактирани.
Брза апликација
Испрати на пријател Принтај

СПОРЕДЕТЕ ЈА ВАШАТА ПЛАТА

Просечната плата во категоријата
Останато изнесува 22.029 MKD.

Дознај ја платата за посакуваната позиција според твоите квалификации!

Започни

Vrabotuvanje.com.mk користи колачиња (анг. cookies) за да ви овозможи подобро корисничко искуство. Со продолжување на прегледувањето на страницата се согласувате со употребата на колачиња. Повеќе за тоа можете да прочитате овде