Vrabotuvanje.com - Ракувач со кран - Скопје - Вардарградба ДОО Скопје
Сподели
Tweet
Сподели
Испрати на пријател

Ракувач со кран

Скопје

Рок за пријавување:

  • Вардарградба ДОО Скопје
  • Адреса: н.м.Трубарево ул.1 бр. 2А, 1000 Скопје

 

ВАРДАРГРАДБА ДОО, Скопје е трговско друштво за производство, проектирање и инжинеринг со седиште во с.Трубарево - Скопје. Основна дејност на фирмата е изведба на хидро-градежни објекти и објекти од висока градба како и производство и продажба на градежни производи (песок, бетон, арматура). Во текот на овие години има учествувано на многу проекти и изградено преку 90 објекти насекаде низ нашата земја, каде како Инвеститори се јавувале Владата на РМ преку нејзините ресорни Министерства, Општините и странски земји и организации преку нивните донации (OBSE,EAR,UNDP). Располагаме со соодветна градежна опрема и механизација и алати како и со стручен кадар кој ни овозможува навремено, квалитетно и професионално да одговориме на нашите обврски. Во фирмата од нејзиното основање па до денес бројот на вработените се повеќе се зголемува, соодветно на проширувањето и развојот на фирмата.

Вардарградба ДОО, има потреба од следната работна позиција:

РАКУВАЧ СО КРАН
1 (ЕДЕН) извршител

Опис на работно место:

  • Врши дневен преглед на кранот пред употреба;
  • Ракува со кранот според упатствата на произведувачот, специфичните услови на градилиштето и типот на товарот; 
  • Врши утовар и истовар на тешки градежни матерјали и уреди и е одговорен за утоварот, истоварот и обезбедување на товарот за време на транспорт;
  • Врши чистење, подмачкување на машината;
  • Помага при монтажа и демонтажа на кранот на секое градилиште;
  • Други работи по потреба и по налог на претпоставениот.

Личен профил:

  • Комуникативност, организираност и одговорност;
  • Способност за тимска работа;
  • Лојалност, иницијативност, темелност, енергичност;
  • Флексибилност за работа на терен.
     

Работата е динамична, потребна е тимска работа и комуникативност.

Вашите пријави испратете ги преку полето Брза Апликација.

Брза апликација
Испрати на пријател Принтај

СПОРЕДЕТЕ ЈА ВАШАТА ПЛАТА

Просечната плата во категоријата
Градежништво, Геодезија и Геологија изнесува 25.150 MKD.

Дознај ја платата за посакуваната позиција според твоите квалификации!

Започни

Vrabotuvanje.com.mk користи колачиња (анг. cookies) за да ви овозможи подобро корисничко искуство. Со продолжување на прегледувањето на страницата се согласувате со употребата на колачиња. Повеќе за тоа можете да прочитате овде