Vrabotuvanje.com - Банкарски комерцијалист во експозитури Валандово и Гевгелија - Валандово и Гевгелија - НЛБ Банка АД Скопје
Сподели
Tweet
Сподели
Испрати на пријател

Банкарски комерцијалист во експозитури Валандово и Гевгелија

Валандово и Гевгелија

Рок за пријавување:

  • НЛБ Банка АД Скопје

НЛБ Банка е една од водечките Банки во Р.С.Македонија и лидер на пазарот во делот на современи банкарски услуги.  
Својот успех го темели на тимот на посветени вработени, висококвалитетните стандарди во работењето, модерната инфраструктура на информатичката технологија и успешната пазарна стратегија. 

Деловниот сектор за управување со продажна мрежа во НЛБ Банка го зајакнува својот тим на успешни професионалци. Доколку сакате да бидете дел од тимот и да работите во динамична продажна средина, ве мотивираме да се пријавите на отворената атрактивна работна позиција: 

Банкарски комерцијалист во експозитури Валандово и Гевгелија 

Твоите работни цели:

  • Промовирање, понуда и продажба на банкарски продукти и услуги за физички лица; 
  • Следење на развојот на пазарот и континуирана грижа за клиентите; 
  • Постојано унапредување на продажните процеси, банкарските продукти и услуги; 
  • Проактивно привлекување нови клиенти; збогатување на клиентската мрежа на Банката.

Твојот профил:

  • Универзитетско образование од економски науки или сродни профили (или студенти од завршни години);
  • Истакнати комуникациски и продажни вештини, ориентираност кон клиентите; 
  • Агилност, самоиницијативност, организираност и проактивност во градење добра тимска атмосфера; 
  • Основни ИТ алатки, познавање на англиски јазик на средно/напредно ниво. 

Твој мотив да ни се придружиш:

  • Препознатлив регионален бренд и современо работно опкружување;
  • Меѓусебната доверба и грижа за другиот се основни начела во работењето;
  • Напредна обука и индивидуален кариерен развој; менторство од врвни банкарски експерти;
  • Конкурентен пакет на плата и надоместоци.

Заинтересираните кандидати своите кратки биографии можат да ги достават на следниот линк со избирање на работната позиција, најдоцна до 10.08.2020 година.
 
Само кандидатите кои ги исполнуваат основните критериуми ќе бидат контактирани за интервју. 
 
НЛБ Банка е работодавач кој нуди еднакви можности за сите.
Најголем број од работните места во НЛБ Банка се пристапни за лица со физички попречености.

 

Аплицирај
Испрати на пријател Принтај

СПОРЕДЕТЕ ЈА ВАШАТА ПЛАТА

Просечната плата во категоријата
Продажба изнесува 22.310 MKD.

Дознај ја платата за посакуваната позиција според твоите квалификации!

Започни

Vrabotuvanje.com.mk користи колачиња (анг. cookies) за да ви овозможи подобро корисничко искуство. Со продолжување на прегледувањето на страницата се согласувате со употребата на колачиња. Повеќе за тоа можете да прочитате овде