Vrabotuvanje.com - Менаџер на магацин - Охрид - KOSTAL Group
Сподели
Tweet
Сподели
Испрати на пријател

Менаџер на магацин

Охрид

Рок за пријавување:

  • KOSTAL Group


КОСТАЛ е  денес еден од водечките добавувачи на сложени електронски и мехатронски производи за индустриски и автомобилски апликации. Вклучувајќи ја фабриката сместена во Охрид, КОСТАЛ е лоцирана  во вкупно  21 земја каде што работат повеќе од 20.000 посветени вработени кои ги снабдуваат сите најголемите производители на автомобили на 5 континенти. Фабриката на КОСТАЛ во Охрид во моментов ги снабдува БМВ, Мерцедес, Порше, Тесла и Ролс Ројс. 
 
Дали е важно за Вас, како што е и за нас, процесите континуирано да се унапредуваат и подобруваат, а работата со напредните технологии да стане дел од вашето секојдневие? 
 
Дали сакате да го збогатите вашето професионално и животно искуство во рамките на Компанија која овозможува професионален и личен напредок, обезбедувајќи  истовремено баланс помеѓу работата и приватниот живот.
 
Со нас – КОСТАЛ МАКЕДОНИЈА, можете да направите разлика!
 
КОСТАЛ МАКЕДОНИЈА има потреба од 
Менаџер на магацин  (Warehouse Manager) во Сектор за Логистика
 
 

Работни задачи и одговорности 
  • Одговорен за примање, складирање и дистрибуција на материјали и готов производ преку иницирање, координација и спроведување на планот;
  • Навремено го  кооординира и планира раководењето на магациот и планот за логистика со цел да ги обезбеди соодветно складирање на материјалите во магацинот;
  • Го надгледува движењет на материјалите;
  • Го раководи својот тим и го координира работењето меѓу- секторски тимови во компанијата со цел да обезбеди навремено ослободување на материјалите и пратките;
  • Го контролира нивото на залихи, ја одржува физичката состојба на магацинот и ги исполнува оперативните барања на магацинот,како и опрема која се користи во магацин;
  • Одржува редовен контакт со врабтените и со добавувачите;
  • Раководи со тимот на вработени во одделот за магацини и се грижи за развој на знаењата и на потенцијалот на членовите на тимот;
  • Репортира дирекно на Менаџерот на сектор за Логистика 
  • Го координира персоналот во магацин со регрутирање, избирање, ориентирање и обука на вработените;
  • Одговорен е за евалуирање на персоналот и нивна мотивација;
  • Следење на резултатите од работата, советување и дисциплинирање на вработените.
 
Образование, искуство, вештини
  • + 5 години работно искуство во логистика, дистрибуција или складирање на стоки,  на слична позиција стекнатa во интернационална компанија;
  • ВСС – Логистика, Економија, Инженеринг;
  • Напредни способности за комуникација, добри аналитички способности и способност за решавање на проблеми
  • Познавање, почитување и примена на важечки закони, пропписи и професионални стандарди;
  • Напредно познавање на англиски јазик (чита, пишува, говори);
  • Напредно познавање на MS Office (Excel, Word, Access, e-mail);
  • Искуство во работа на B2B проекти и опкружување; 
  • Познавање на германскиот јазик, како и искуство во работа со SAP или други ERP/MRP софтвери ќе се смета за предност; 
 
Ако сте заинтересирани да се приклучите на нашиот тим, Ве молиме испратете ја вашета лична биографија “CV” и мотивационо писмо на англиски јазик со известување за " Менаџер на магацин  (Warehouse Manager)" преку полето Брза Апликација.
 
КОСТАЛ Македонија е работодавач кој нуди  еднакви можности, посветен на ангажирање на разновидна работна сила и одржување на инклузивна култура.
 
Ве молиме имајте предвид дека само избраните кандидати ќе бидат повикани на интервју.
 
              
Краен рок за пријавување: 14/08/2020
Брза апликација
Испрати на пријател Принтај

СПОРЕДЕТЕ ЈА ВАШАТА ПЛАТА

Просечната плата во категоријата
Останато изнесува 22.029 MKD.

Дознај ја платата за посакуваната позиција според твоите квалификации!

Започни

Vrabotuvanje.com.mk користи колачиња (анг. cookies) за да ви овозможи подобро корисничко искуство. Со продолжување на прегледувањето на страницата се согласувате со употребата на колачиња. Повеќе за тоа можете да прочитате овде