Vrabotuvanje.com - СОС згрижувач - Скопје - СОС ДЕТСКО СЕЛО
Сподели
Tweet
Сподели
Испрати на пријател

СОС згрижувач

Скопје

Рок за пријавување:

  • СОС ДЕТСКО СЕЛО

Приватната установа СОС Детско село Скопје преку една од своите програми поддржува згрижувачки семејства каде деца без родители и родителска грижа добиваат топол дом и родителска љубов, и стекнуваат чувство на припадност и сигурност. 

СОС Детско село Скопје има континуирана потреба од мотивирани и искусни згрижувачи кои ќе водат семејство со деца без родителска грижа и ќе им обезбедат грижа и топол дом.

Со таа цел, Приватната установа СОС Детско село Скопје огласува 1 (едно) слободно работно место на определено време со можност за продолжување на договорот

СОС згрижувач
 

Опис на работата:
СОС згрижувачот кој обезбедува грижа е:
  • Професионалец во грижа за деца, кој заедно со згрижените деца живее во семејна куќа во состав на СОС Детското Село Скопје, го води нивниот развој, обезбедува прифаќање, разбирање на потребите на згрижените деца и раководи со домаќинството;
  • Гради блиска врска со секое дете кое му е доверено на грижа, му ја обезбедува потребната сигурност, љубов и стабилност; носител е на грижата и добива постојана професионална поддршка од обучен тим;
  • Одговорен е за почитување на политиките на организацијата СОС Детско село, ги следи стандардите за квалитет и се поистоветува со вредностите, визијата и мисијата на организацијата.
СОС згрижувачот соработува во рамки на СОС Програмата за поддршка на згрижувачки семејства и развој на деца и со надлежните институции во системот на социјална заштита.

Работни услови:

  • СОС згрижувачот добива финансиска надокнада од страна на СОС Детско Село Скопје согласно договор за работа;
  • СОС Детско село овозможува станбен простор за СОС мајката со кој склучува договор за закуп на куќа без надомест;
  • СОС згрижувачот живее и води грижа за децата во рамките на СОС Детско село Скопје во населба Ченто;
  • СОС згрижувачот добива дополнителна поддршка за адекватен развој на згрижените деца;
  • СОС згрижувачот  има можност постојано да ги надградува  своите знаења и вештини преку обуки.
Потребни квалификации:
 
Потребните услови за вршење на загрижувачка функција согласно законската регулатива се:
  • Возраст од 18 до 65 години;
  • Завршено најмалку основно образование;
  • Добра здравствена состојба;
  • ​Подобност за згрижувач (мотиви, ставови и спремност за вршење на згрижувачка функција);
  • Не се осудувани.

Дополнителни квалификации:

  • Има искуство во грижа за деца;
  • Има поминато подготвителна обука според PRIDE моделот (се зема за предност);
  • Умее да одговори на развојните потреби на децата;
  • Умее да работи како член на професионален тим;
  • Отворена е и толерантна кон различни култури;
  • Возраст од 35 – 50 години (се зема за предност).

Доколку се пријави брачна двојка, тие ги исполнуваат овие дополнителни услови:

  • Брачната двојка е во стабилна брачна заедница најмалку 5 години;
  • Еден од партнерите има стабилно вработување и приходи надвор од СОС Детско село Скопје;
  • Двајцата брачни партнери се мотивирани да ги извршуваат функциите на згрижувач и да живеат во СОС Детско село Скопје.
Пред да ја испратите вашата апликација, за подетални информации за барањата и условите за работно местото, ве молиме контактирајте ја:
 
Виолета Георгиевска на телефон 071 373 306.
 
Вашата кратка биографија испратете ја најдоцна до 27.09.2020 со назнака за СОС згрижувач, преку полето Брза Апликација.

 
Адреса: СОС Детско Село Скопје
ул. Финска бр 131, нас.Ченто
1040 Скопје
Брза апликација
Испрати на пријател Принтај

СПОРЕДЕТЕ ЈА ВАШАТА ПЛАТА

Просечната плата во категоријата
Здравство и Социјална работа изнесува 23.752 MKD.

Дознај ја платата за посакуваната позиција според твоите квалификации!

Започни

Vrabotuvanje.com.mk користи колачиња (анг. cookies) за да ви овозможи подобро корисничко искуство. Со продолжување на прегледувањето на страницата се согласувате со употребата на колачиња. Повеќе за тоа можете да прочитате овде