Vrabotuvanje.com - Книговодител за денарски и девизни уплати и исплати - Скопје - ЕУРО ТАБАК ДОО
Сподели
Tweet
Сподели
Испрати на пријател

Книговодител за денарски и девизни уплати и исплати

Скопје

Рок за пријавување:

  • ЕУРО ТАБАК ДОО

 
 
Еуротабак е компанија која се стреми да биде претпочитан избор за дистрибутер на принципалите и на клиентите во земјата со модерен и ефикасен дистрибутивен систем, најголема покриеност на продажни места, најбрз пробив на пазарот, извонредна грижа за клиентите и големо портфолио на производи со врвен квалитет за крајните потрошувачи.
 
                                   Книговодител за денарски и девизни уплати и исплати
 
Локација: Скопје                                                                          
Оддел: Финансии и Сметководство
Број на позиции: 1
Рок на пријава: 25.10.2020
 
Во предвид ќе бидат земени само оние апликации направени преку нашата веб страна:  http://eurotabak.com.mk/kariera/  и ќе бидете исконтактирани од тимот на Човечки Ресурси на  Еуро Табак.

Одговорности како Книговодител за денарски и девизни уплати и исплати:

Одговара за квалитетно книжење на банковите дневни денарски и девизни изводи.

  • Води ажурно и уредно книжење на денарски и девизни уплати и исплати според единствениот контен план.
  • Врши прием на банкови изводи и ги обработува.
  • Усогласува картици на дневна основа со финансовото книговодство, со книговодството на купувачите и добавувачите.
  • Книжи каматни листи од орочени средства.
  • Книжење и контирање на компензации и цесии.
  • Раскнижување на Мастер уплати по претходно даден преглед од референтот за купувачи. 
  • Контролира усогласеност помеѓу состојбата на сметката во банка со прокнижената состојба по картица за соодветна банка.  

Ако сметате дека:

  • Вие сте тимски играч.
  • Поседувате организациски способности.
  • Сакате работа во динамична средина.

    Тогаш сте личноста за оваа работна позиција!

За возврат Еуро Табак нуди:

  • Можност за професионален и личен развој.
  • Пријатна и пријателска работна средина.
  • Постојано вработување и конкурентна плата. 
  • Динамична работа.

Како да аплицирате:

Доколку ги поседувате потребните вештини и искуство за да се приклучите на нашиот тим, аплицирајте за оваа позиција на нашата веб страна http://eurotabak.com.mk/kariera/, и ќе бидете исконтактирани од тимот на Човечки Ресурси на  Еуро Табак.
 
Краен рок за аплицирање: до 25.10.2020
Аплицирај
Испрати на пријател Принтај

СПОРЕДЕТЕ ЈА ВАШАТА ПЛАТА

Просечната плата во категоријата
Економија, Финансии и Сметководство изнесува 28.521 MKD.

Дознај ја платата за посакуваната позиција според твоите квалификации!

Започни

Vrabotuvanje.com.mk користи колачиња (анг. cookies) за да ви овозможи подобро корисничко искуство. Со продолжување на прегледувањето на страницата се согласувате со употребата на колачиња. Повеќе за тоа можете да прочитате овде