Vrabotuvanje.com - Специјалист за плати и администрација - Охрид - КОСТАЛ МАКЕДОНИЈА
Сподели
Tweet
Сподели
Испрати на пријател

Специјалист за плати и администрација

Охрид

Рок за пријавување:

  • КОСТАЛ МАКЕДОНИЈА

КОСТАЛ е  денес еден од водечките добавувачи на сложени електронски и мехатронски производи за индустриски и автомобилски апликации. Вклучувајќи ја фабриката сместена во Охрид, КОСТАЛ е лоцирана  во вкупно  21 земја каде што работат повеќе од 20.000 посветени вработени кои ги снабдуваат сите најголемите производители на автомобили на 5 континенти. Фабриката на КОСТАЛ во Охрид во моментов ги снабдува БМВ, Мерцедес, Порше, Тесла и Ролс Ројс. Дали сакате да го збогатите вашето професионално и животно искуство во рамките на Компанија која овозможува професионален и личен напредок, обезбедувајќи  истовремено баланс помеѓу работата и приватниот живот.
 
 
Со нас – КОСТАЛ МАКЕДОНИЈА, можете да направите разлика!
 
КОСТАЛ МАКЕДОНИЈА има потреба од “Специјалист за плати и администрација” (Payroll and Administration Specialist)

 
Работни задачи и одговорности: 
  • Одговорен за внесување на податоци и одржување на базата на вработените во SAP HR модулот; 
  • Одговорен за внес и обработка на влезни податоци за подготовка на плата и други примања на вработените;
  • Изготвување на различни видови на извештаи поврзани со плати и други примања на вработените;
  • Обезбедува административна поддршка по барање на Менаџерот за човечки ресурси;
  • Одговорен за изработка и имплементација на прирачници за вработените и нови политики и процедури од доменот менаџмент на човечки ресурси;
  • Работи на проекти од доменот на Секторот за човечки ресурси;
  • Ракување со документацијa и контактирање со надлежни институции, фондови, здравствени организации и слично;
  • Други работни задачи по налог на претпоставен раководител;
     
Образование, искуство, вештини 
  • ВСС (Психологија, Менаџмент за човечки ресурси, Право, Eкономија, друго);
  • Искуство од најмалку 2 години во работи поврзани со подготовка на плати или администрација;
  • Искуство во работа со ERP софтвери – модули за работа од областа на човечките ресурси;
  • Одлично познавање на англиски јазик (чита, пишува, говори);
  • Напредно познавање на Microsoft Office;
  • Пожелно искуство во производна средина.
 
Ако сте заинтересирани да се приклучите на нашиот тим, Ве молиме испратете ја вашета лична биографија “CV” и мотивационо писмо на англиски јазик со известување за “Специјалист за плати и администрација” (Payroll and Administration Specialist) преку полето Брза Апликација.
 
КОСТАЛ Македонија е работодавач кој нуди  еднакви можности, посветен на ангажирање на разновидна работна сила и одржување на инклузивна култура.
 
Ве молиме имајте предвид дека само избраните кандидати ќе бидат повикани на интервју.
 
 
Краен рок за пријавување: 22.10. 2020
Брза апликација
Испрати на пријател Принтај

СПОРЕДЕТЕ ЈА ВАШАТА ПЛАТА

Просечната плата во категоријата
Административни професии изнесува 20.922 MKD.

Дознај ја платата за посакуваната позиција според твоите квалификации!

Започни

Vrabotuvanje.com.mk користи колачиња (анг. cookies) за да ви овозможи подобро корисничко искуство. Со продолжување на прегледувањето на страницата се согласувате со употребата на колачиња. Повеќе за тоа можете да прочитате овде