Vrabotuvanje.com - Сметководствено-финансиски работник - Скопје - ТЕ-ТЕ ПЛАСТ ДООЕЛ
Сподели
Tweet
Сподели
Испрати на пријател

Сметководствено-финансиски работник

Скопје

Рок за пријавување:

  • ТЕ-ТЕ ПЛАСТ ДООЕЛ
 
 

ТЕ-ТЕ ПЛАСТ д.о.о.е.л. е извозно ориентирана компанија која што се занимава со изработка на алати/калапи за бризгање/дување пластика и сериско производство и монтажа на компоненти од пластика. 

За потребите на друштвото нудиме можност за ангажирање на определено време на кандидат за следната позиција:

СМЕТКОВОДСТВЕНО-ФИНАНСИСКИ РАБОТНИК
 

Основни задолженија и одговорности:
  • Подготовка, контрола и извршување на плаќањата во земјата и странство 
  • Комуникација со деловните банки во врска со издавање на потврди, откуп на девизи при плаќањата, орочувања и сл.
  • Евиденција и контрола на комплетната финансиска документација
  • Планирање и следење на целокупното финансиско работење 
  • Следење и контрола на побарувањата и обврските
  • Изработка и контрола на пописни листи на основни средства
  • Изработка и поднесување на пријава за задржан данок
  • Контрола на намалените плаќања по основ на вратени стоки, дополнителни рабати и бонуси
  • Изработка на ИОС за купувачи и добавувачи 
  • Месечна контрола на книжењата (контрола на состојбата на конта, отворени ставки и сл.)
  • Комуникација и кооперација со другите сектори, со купувачите и добавувачите 
  • Следење и контрола на податоците доставени за книжење 
  • Книжење на фактури од купувачи, трошоци, опрема и инвестиции, амортизација
  • Книжење на изводи, калкулации, нивелации и поврат на стоки
  • Активирање, пренос и расходување на основни средства
  • Изработка на извешати за неделна ликвидност
  • Изработка и книжење на калкулации за увоз на стоки
  • Комуникација со сите релевантни државни институции
  • Усогласување на реалната со книговодствената евиденција
  • Изработка, книжење и поднесување на ДДВ пријава
  • Книжење на плата, девизни изводи 
 
Потребни квалификации:
  • ВСС 
  • Лиценца за овластен сметководител
  • Со работно искуство од најмалку 3 години
  • Активно познавање на англиски јазик
 
Способности кои се потребни да се поседуваат:
  • Способност за работа во тим
  • Одговорност и аналитички способности
  • Иницијативност и адаптабилност
  • Организациска способност за работа под притисок и запазување на крајни рокови
 
Претходни работни искуства во компании од производен карактер ќе се сметаат како голема предност.

 
Работно време- од 07:00 до 15:00 часот.

 
Сите заинтересирани кандидати можат да аплицираат и да достават свое CV преку полето Брза Апликација, со назнака: Апликација за работно место: Сметководствено-финансиски работник. Само селектираните кандидати ќе бидат повикани на разговор. 
 
Те-Те Пласт д.о.о.е.л.
Ул. Борис Трајковски 135,1000 Скопје
T: +389 2 2467 741, Ф: +389 2 2467 742
Брза апликација
Испрати на пријател Принтај

СПОРЕДЕТЕ ЈА ВАШАТА ПЛАТА

Просечната плата во категоријата
Останато изнесува 22.029 MKD.

Дознај ја платата за посакуваната позиција според твоите квалификации!

Започни

Vrabotuvanje.com.mk користи колачиња (анг. cookies) за да ви овозможи подобро корисничко искуство. Со продолжување на прегледувањето на страницата се согласувате со употребата на колачиња. Повеќе за тоа можете да прочитате овде