Vrabotuvanje.com - Букмејкер / Авторизација и ризик оператор - Скопје - Златна Копачка - Еден
Сподели
Tweet
Сподели
Испрати на пријател

Букмејкер / Авторизација и ризик оператор

Скопје

Рок за пријавување:

  • Златна Копачка - Еден

Ние ги цениме нашите вработени, бидејќи сме убедени дека тим од стручни, посветени и способни кадри се клуч за успешно работење на секоја компанија која се стреми кон континуирано подобрување, развој и унапредување на деловната активност со цел да биде во чекор со светските стандарди во однос на квалитетот на услугите.

За своите потреби Златна Копачка го објавува следниот оглас

Букмејкер / Авторизација и ризик оператор

 

Работни задачи и одговорности: 
  • Преглед на спортските натпревари и креирање на натпревари во програм со цел за изработка на билтен 
  • Проверка на табелите и статистиката 
  • Креирање на дневната понуда 
  • Креирање на коефициенти и внесување на истите во програм 
  • Ревизија на постоечките квоти, а по потреба и интервенција во истите 
  • Одлично познавање на правилата на игра 
  • Следење на понудата на пазарот : следење на светската понуда и по потреба менување на квоти во realtime, следење на конкурентски квоти
  • Авторизација на тикети ( нивна точност со квоти, одобрување/одбивање )
 
Потребни квалификации:
Основни:
  • ССС образование
  • Сеопфатно познавање на спортот 
  • Добро познавање на законитостите кои важат во креирање на понуда за обложување 
  • Добро владеење на програмскиот пакет MS Office со посебен акцент на MS Excel 
  • Добро познавање на MS Windows оперативниот систем
  • Систематичност, добри меѓучовечки и комуникациски вештини
 
Ние нудиме:
  • Вреднување и наградување на вашата работа и залагање
  • Стабилна и позитивна работна атмосфера во професионален, динамичен и млад тим во пријатно работно опкружување
  • Предизвик, стабилност и можност за учење и напредување
  • Континуирано усовршување

 
Својата професионална биографија може да ја доставите електронски преку полето Брза Апликација.
 
Бидете дел од тимот на ЗЛАТНА КОПАЧКА , Ве очекуваме!
 
 
Друштво за промет и услуги Златна Копачка – Еден ДОО Скопје со седиште на ул. Сава Ковачевиќ бр. 2/47, води посебна грижа за заштита и доверливост на вашите личните податоци.
Брза апликација
Испрати на пријател Принтај

СПОРЕДЕТЕ ЈА ВАШАТА ПЛАТА

Просечната плата во категоријата
Останато изнесува 22.029 MKD.

Дознај ја платата за посакуваната позиција според твоите квалификации!

Започни

Vrabotuvanje.com.mk користи колачиња (анг. cookies) за да ви овозможи подобро корисничко искуство. Со продолжување на прегледувањето на страницата се согласувате со употребата на колачиња. Повеќе за тоа можете да прочитате овде