Vrabotuvanje.com - Планер на производство и логистика - Скопје - ТЕ-ТЕ ПЛАСТ ДООЕЛ
Сподели
Tweet
Сподели
Испрати на пријател

Планер на производство и логистика

Скопје

Рок за пријавување:

  • ТЕ-ТЕ ПЛАСТ ДООЕЛ
 
 

ТЕ-ТЕ ПЛАСТ д.о.о.е.л. е извозно ориентирана компанија која што се занимава со изработка на алати/калапи за бризгање/дување пластика и сериско производство и монтажа на компоненти од пластика. 

За потребите на Секторот за процесирање на пластика нудиме можност за ангажирање на определено време на кандидат за следната позиција:

ПЛАНЕР НА ПРОИЗВОДСТВО И ЛОГИСТИКА
 

Основни задолженија и одговорности:
  • Планирање и организација на производство
  • Изработка на план за производство на неделно ниво
  • Изработка и проследување на извештај за испораки до клиент
  • Прибирање и обработка на извештај за испораки од добавувач
  • Изработка на нарчки за ресурси за производство
  • Изработка на месечен извештај до добавувачи
  • Потврда на нарачки
  • Попис на ресурси
  • Организација на смени
  • Изработка и складирање на работни налози
  • Изработка на декларации
  • Комуницирање со клиенти и добавувачи
  • Планирање и организација на увоз/извоз на производи и репроматеријали
  • Влезна контрола 
 
Квалификации и компетенции:
  • Висока стручна спрема
  • Активно познавање на англиски јазик
  • Со/Без работно искуство
 
Способности кои се потребни да се поседуваат:
  • Способност за работа во тим
  • Одговорност и аналитички способности
  • Иницијативност и адаптабилност
  • Организациска способност за работа под притисок и запазување на крајни рокови

Избраните кандидати ќе имаат пробна работа и обука.

Што нудиме?

  • Предизвикувачко и технолошки напредно работно опкружување
  • Можност за професионален развој во согласност со меѓународни стандарди за квалитет
Сите заинтересирани кандидати можат да аплицираат и да достават свое CV преку полето Брза Апликација, со назнака: „ПЛАНЕР НА ПРОИЗВОДСТВО И ЛОГИСТИКА”. 
Само селектираните кандидати ќе бидат повикани на разговор. 
 
Те-Те Пласт д.о.о.е.л.
Ул. Борис Трајковски 135,1000 Скопје
T: +389 2 2467 741, Ф: +389 2 2467 742
Брза апликација
Испрати на пријател Принтај

СПОРЕДЕТЕ ЈА ВАШАТА ПЛАТА

Просечната плата во категоријата
Производство и Занаетчиство изнесува 24.798 MKD.

Дознај ја платата за посакуваната позиција според твоите квалификации!

Започни

Vrabotuvanje.com.mk користи колачиња (анг. cookies) за да ви овозможи подобро корисничко искуство. Со продолжување на прегледувањето на страницата се согласувате со употребата на колачиња. Повеќе за тоа можете да прочитате овде