Vrabotuvanje.com - Администратор во диспечерски центар - Скопје - Ред шпед ДООЕЛ Скопје
Сподели
Tweet
Сподели
Испрати на пријател

Администратор во диспечерски центар

Скопје

Рок за пријавување:

  • Ред шпед ДООЕЛ Скопје

РЕД ШПЕД ДООЕЛ Скопје, една од најуспешните македонски шпедиции, поради брз раст на компанијата и зголемен обем на работа има потреба од вработување на:

Администратор во диспечерски центар
1 (еден) извршител

Одговорности и работни задачи:
  • Одговорен е за точна и навремена изработка и евиденција на документацијата за возачите (работна виза, КОД 95, А1, здравствена картичка, и сл.); 
  • Одговорен е за точна и навремена пресметка на плата на возачите (обработка на тахо податоци, евиденција на исплатени средства на возачите, и сл.);
  • Одговорен е за точна и навремена изработка и евиденција на документацијата за возилата (сообраќајни дозволи, осигурителни полиси, пријави на штети, договори за лизинг, хомологација, зелена карта, и сл.);
  • Одговорен е за прием/испраќање на пошта, и евиденција на примена/испратена пошта;
  • Одговорен е за уредно архивирање на целокупната електронска и хартиена документација;
  • Одговорен е за точна и навремена евиденција на влезни фактури; 
  • Одговорен е за точно и навремено плаќање на влезни фактури и плати на возачите преку платформа за електронско банкарство; 
  • Одговорен е за точно и навремено следење на паричните текови на диспечерскиот центар (ликвидност); 
  • Одговорен е за комуникација со деловните соработници по прашања од делокругот на неговата работа;
  • Одговорен е за усогласеност на Друштвото со регулативата која се однесува на областа на логистиката и транспортот;
  • Одговорен е за вршење и на други работи по налог на координаторот на Диспечерски центар и управителот, и за својата работа одговара пред нив.  
     
Потребни квалификации:
  • Најмалку завршено средно образование;
  • Претходно работно искуство во областа на транспортот и логистиката - најмалку 1 година;
  • Активно владеење на англискиот јазик;
  • Активно владеење со Microsoft Office апликации (Excel и Word) и Google апликации (електронска пошта и електронски календар);
  • Искуство во користење на електронско банкарство.
 
Профил на кандидатот:
  • Самостоен во извршувањето на работните задачи;
  • Сериозен, одговорен, организиран и иницијативен;
  • Енергичен, педантен, позитивен и лојален; 
  • Способен за работа под временски притисок.
 
Услови од компанијата:
  • Динамична работна средина во брзорастечка компанија;
  • Одлична работна атмосфера, солидни и стабилни приходи;
  • Работниот однос за позицијата се заснова на определено време од 3 (три) месеци, со можност за продолжување на договорот;
  • Дневното работно време на оваа позиција е 8 часа, од понеделник до петок.

За дополнителни информации контактирајте нѐ на 078-264-893 (Ирена).

Доколку ги исполнувате нашите услови, аплицирајте со испраќање на Вашата професионална биографија преку полето Брза Апликација со назнака “Администратор во диспечерски центар” во насловот на пораката. Огласот е отворен 14 дена од датумот на објавување. 

Напомена:
Апликациите без приложена биографија нема да бидат разгледувани. Само кандидатите кои ќе влезат во потесен избор ќе бидат контактирани. Ред шпед ДООЕЛ го задржува правото да не избере ниту еден кандидат. 
Сите апликации ќе бидат третирани со строга доверливост. Со самото аплицирање, кандидатот се согласува неговите лични податоци наведени во биографијата да бидат чувани во базата на податоци и обработувани од Ред шпед ДООЕЛ во рок од 1 година од денот на истекот на рокот за избор. Кандидатот има право во секое време да ја повлече дадената согласност за чување и обработка на неговите лични податоци согласно Законот за заштита на лични податоци.

Брза апликација
Испрати на пријател Принтај

СПОРЕДЕТЕ ЈА ВАШАТА ПЛАТА

Просечната плата во категоријата
Останато изнесува 22.029 MKD.

Дознај ја платата за посакуваната позиција според твоите квалификации!

Започни

Vrabotuvanje.com.mk користи колачиња (анг. cookies) за да ви овозможи подобро корисничко искуство. Со продолжување на прегледувањето на страницата се согласувате со употребата на колачиња. Повеќе за тоа можете да прочитате овде