Vrabotuvanje.com - Возач на товарно возило и Работник во магацин - Скопје - АГРОТЕХНА
Сподели
Tweet
Сподели
Испрати на пријател

Возач на товарно возило и Работник во магацин

Скопје

Рок за пријавување:

  • АГРОТЕХНА
  • Адреса: Ул. Христо Татарчев 1 бр.21а К.Вода, 1000 Скопје

Друштво за трговија на големо и мало АГРОТЕХНА Атанас и д р. ДОО увоз-извоз Скопје Ул.Христо Татарчев 1 бр.21а ,Кисела Вода -Скопје  телефонски број 02/02463373
 
Со цел проширување на тимот за логистика распишува оглас за вработување на:
 
Возач на товарно возило
Работник во магацин
 
Со место на вршење на работните задачи во Скопје (населба Кисела Вода) 
 
 
1.ВОЗАЧ НА ТОВАРНО ВОЗИЛО
 
 
Потребно образование, работно искуство, квалификации и вештини:
  • Средно стручно образование     
  • Возачка дозвола за Ц категорија
  • Претходно искуство 2 години како возач на товарно возило
 
Одговорности и работни задачи:
  • Транспорт на материјали и производи до централен магацин или царински склад до продажни места и клиенти
  • Редовна безбедносна инспекција на возилото и известување за дефекти, инциденти или прекршоци во сообраќајот
  • Маневрирање на возилото во позиција за утовар/истовар
  • Контрола и распоредување на трговска стока за достава во возилото
  • Проверка на фактичката состојба на стоката при предавање на истата
  • Помага при утовар и истовар на трговската стока од/во возилото
 
2. РАБОТНИК ВО МАГАЦИН
 
 
Потребно образование,работно ислкуство  квалификации и вештини:
  • ССС
  • Одлична психофизичка состојба
  • Работно искуство како магационер
  • Позитивен став, тимски дух,желба за успешно и квалитетно завршување на работата
  • Лојалност,иницијативност, темелност, енергичност
 
Опис на работни задачи и обврски во магацин:
  • Прием и складирање на стока во магацин
  • Селектирање и подготовка на стоката за транспорт и дистрибуција
  • Спремање и утовар на стока за понатамошна дистрибуција
  • Следење на налог и инструкции за работа.
  • Подготвеност за работа во смени.
 
Што нудиме?
  • Одлични услови за работа во средина со амбициозен и професионален тим;
  • Континуирана обука и можност за напредување;
  • Работа во смени, вкупно 40 часа неделно; понеделник – сабота
 
Доколку сте заинтересирани за работната позиција, а воедно го поседувате потребното образование, работно искуство, квалификации, вештини и личен профил за успешно извршување на работните задачи на работното место, испратете ја Вашата кратка биографија преку полето Брза Апликација, со назнака:  “Оглас за Возач на товарно возило” или “Оглас за работник во магацин”
 
Огласот е активен до 31.10.2020 година
Изборот ќе се врши во рок од 10-20 дена, во зависност од бројот на пријавените кандидати.
 
Општи правила за аплицирање:
Именување на документ за аплицирање - CV (име и презиме на апликантот).
Назнака на позицијата за која се аплицира
Брза апликација
Испрати на пријател Принтај

СПОРЕДЕТЕ ЈА ВАШАТА ПЛАТА

Просечната плата во категоријата
Останато изнесува 22.029 MKD.

Дознај ја платата за посакуваната позиција според твоите квалификации!

Започни

Vrabotuvanje.com.mk користи колачиња (анг. cookies) за да ви овозможи подобро корисничко искуство. Со продолжување на прегледувањето на страницата се согласувате со употребата на колачиња. Повеќе за тоа можете да прочитате овде