Vrabotuvanje.com - Администратор за прием на возила во брз сервис - Скопје - Пнеуматик
Сподели
Tweet
Сподели
Испрати на пријател

Администратор за прием на возила во брз сервис

Скопје

Рок за пријавување:

  • Пнеуматик

Пнеуматик е дел од групацијата ТДА Трејд основана уште во 1991 година како увозник и дистрибутер на пневматици (гуми) за сите видови на возила. Во изминативе 29 години постоење, компанијата е постојано рангирана во 200-те најуспешни субјекти во Македонија. 

Денес, располага со вкупно четири сопствени салони во Скопје, еден во Битола и еден во Тетово, како и дистрибутерска мрежа низ целата држава. Официјален застапник е за гуми од брендовите GoodYear, Dunlop, Michelin, Cooper Tires, Kelly, Nankang, Sava, Pirelli, Fulda, Tigar, BKT, Sailun и други брендови за патнички возила, моторцикли, како и специфична земјоделска и индустриска механизација. 
 

Пнеуматик вработува!
Поради проширување на дејноста, Пнеуматик Илинден има потреба од вработување на:  

АДМИНИСТРАТОР ЗА ПРИЕМ НА ВОЗИЛА ВО БРЗ СЕРВИС 

Потребни квалификации:   

  • Минимум завршено средно образование,   
  • Минимум 2 год. искуство во сервис и услужување на клиенти, 
  • Одлично познавање и примена на TecDoc,  
  • Задолжително познавање и примена на MS Office пакетот, 
  • Познавање на автодијагностика ќе се смета за предност, 
  • Работно искуство во комерција/продажба на автоделови и автомобилска индустрија ќе се смета за предност.   


Обврски: Прием и услужување на клиети; пополнување работен налог за дијагностика на возило; следење на достапен лагер на резервни делови; нарачка на потребни резервни делови; изготување на про-фактури, фактури и фискални сметки; изготвување на испратници, повратници и други документи; други задачи поврзани со работното место.

Сите заинтересирани кандидати кои ги исполнуваат наведените квалификации потребно е да достават своја биографија (CV) најдоцна до 30.10.2020 година, преку полето Брза Апликација. 

Ги охрабруваме сите заинтересирани кандидати да аплицираат за новоотвореното работно место. Телефонските јавувања нема да бидат земени во предвид. Само кандидатите кои ќе бидат повикани на разговор ќе бидат лично контактирани.

Брза апликација
Испрати на пријател Принтај

СПОРЕДЕТЕ ЈА ВАШАТА ПЛАТА

Просечната плата во категоријата
Административни професии изнесува 20.922 MKD.

Дознај ја платата за посакуваната позиција според твоите квалификации!

Започни

Vrabotuvanje.com.mk користи колачиња (анг. cookies) за да ви овозможи подобро корисничко искуство. Со продолжување на прегледувањето на страницата се согласувате со употребата на колачиња. Повеќе за тоа можете да прочитате овде