Vrabotuvanje.com - Водител на смена во сектор производство - Охрид - КОСТАЛ МАКЕДОНИЈА
Сподели
Tweet
Сподели
Испрати на пријател

Водител на смена во сектор производство

Охрид

Рок за пријавување:

  • КОСТАЛ МАКЕДОНИЈА

 
КОСТАЛ е  денес еден од водечките добавувачи на сложени електронски и мехатронски производи за индустриски и автомобилски апликации. Вклучувајќи ја фабриката сместена во Охрид, КОСТАЛ е лоцирана  во вкупно  21 земја каде што работат повеќе од 20.000 посветени вработени кои ги снабдуваат сите најголемите производители на автомобили на 5 континенти. Фабриката на КОСТАЛ во Охрид во моментов ги снабдува БМВ, Мерцедес, Порше, Тесла и Ролс Ројс. 
 
Дали е важно за Вас, како што е и за нас, процесите континуирано да се унапредуваат и подобруваат, а работата со напредните технологии да стане дел од вашето секојдневие? 
 
Дали сакате да го збогатите вашето професионално и животно искуство во рамките на Компанија која овозможува професионален и личен напредок, обезбедувајќи  истовремено баланс помеѓу работата и приватниот живот.
 
Со нас – КОСТАЛ МАКЕДОНИЈА, можете да направите разлика!
  
КОСТАЛ МАКЕДОНИЈА има потреба од 
 
Водител на смена во Сектор производство - Oддел вбризгување на пластика (Production Shift Supervisor – Injection Molding) 
 
 
Работни задачи и одговорности:
  • Oдржување на текот на работа во организационата единица, со следење на чекорите во процесот на производство;
  • Мониторирање на контролните точки и правилното функционирање на опремата; 
  • Развој на процедури и системи за известување; 
  • Комплетирање на планот за производство, преку организирање на персоналот, утврдување на приоритети, решавање на проблеми; 
  • Одржување на квалитетот на работата преку воспоставување и одржување на стандардите за работа на организацијата;
  • Следење на целокупниот развој на вработените и евалуација на учинокот од нивната работа.
 
Образование, искуство, вештини:
  • ВСС – Машински или Електро;
  • Искуство во работа во производна средина; 
  • Напредно познавање на англиски јазик (чита, пишува, говори);
  • Напредно познавање на MS Office (Excel, Word, Access, e-mail);
  • Искуство во работа во SAP или MES системи ќе се смета за предност;
  • Способност за брзо разбирање на концепти;
  • Организациски и вештини за раководење на тим.
     
Ако сте заинтересирани да се приклучите на нашиот тим, Ве молиме испратете ја вашета лична биографија “CV” и мотивационо писмо на англиски јазик преку полето Брза Апликација со назнака "Водител на смена во Сектор производство - Oддел вбризгување на пластика (Production Shift Supervisor – Injection Molding) 
 
КОСТАЛ Македонија е работодавач кој нуди  еднакви можности, посветен на ангажирање на разновидна работна сила и одржување на инклузивна култура.
 
Ве молиме имајте предвид дека само избраните кандидати ќе бидат повикани на интервју.
 
 
Краен рок за пријавување: 25 Октомври, 2020
Брза апликација
Испрати на пријател Принтај

СПОРЕДЕТЕ ЈА ВАШАТА ПЛАТА

Просечната плата во категоријата
Менаџмент изнесува 39.113 MKD.

Дознај ја платата за посакуваната позиција според твоите квалификации!

Започни

Vrabotuvanje.com.mk користи колачиња (анг. cookies) за да ви овозможи подобро корисничко искуство. Со продолжување на прегледувањето на страницата се согласувате со употребата на колачиња. Повеќе за тоа можете да прочитате овде