Vrabotuvanje.com - Унапредувач на пазарот - Пехчево, Македонска Каменица, Делчево, Куманово, Липково, Штип, Кочани, Пробиштип, Струмица, Гевгелија и Тетово - Пивара Скопје АД
Сподели
Tweet
Сподели
Испрати на пријател

Унапредувач на пазарот

Пехчево, Македонска Каменица, Делчево, Куманово, Липково, Штип, Кочани, Пробиштип, Струмица, Гевгелија и Тетово

Рок за пријавување:

  • Пивара Скопје АД



​ДЕТАЛИ ЗА РАБОТНАТА ПОЗИЦИЈА:
Позицијата „Унапредувач на пазарот“ е срцето на Пивара Скопје АД. Истата е исполнета со комуникација, предизвици, и проектни работни задачи преку што секојдневно го согледуваш влијанието од твојот влог. Во рамките на твојот нов тим, ќе добиеш поддршка пред сѐ, како и професионален развој во пријателска и поттикнувачка средина. После позитивна процена на твојот учинок во комбинација со твојата изразена желба за учење, покрај редовната работа, ќе добиеш можност низ обуки да се подготвиш за позицијата лидер на тим и да го развиваш нашиот бизнис. 

ДАЛИ СИ ТИ ОВА?

  • Преферираш работа на терен, наместо канцелариска;
  • Сакаш интернационална кариера;
  • Сакаш тимска работа и уживаш да работиш со разновидни луѓе;
  • Ориентиран си кон потрошувачите и градиш силни врски со нив;
  • Имаш силна желба за учење, личен и кариерен развој;
  • Сакаш нови предизвици и тежнееш кон успеси.

ШТО Е ТОА ШТО ГО БАРАМЕ?​

  • Високо образование ќе се смета за предност; 
  • Возачка дозвола Б-категорија;
  • Добро познавање MS Office (Excel,Word,Power Point);
  • Добро познавање англиски јазик;
  • Чувство за односи со клиенти.

КРАТОК ОПИС НА ОСНОВНИТЕ ОДГОВОРНОСТИ:

  • Спроведување дневни активности поврзани со остварувањето на целите, унапредување на продажбата и пазарот;
  • Дневна комуникација и градење долгорочни односи со потрошувачите и со дистрибутивната мрежа;
  • Обезбедување соодветна присутност и изложеност на производите согласно стандардите на компанијата;
  • Истражување и разрешување поплаки од клиенти;
  • Генерирање и проследување нарачки до производителот;
  • Собирање и анализа на податоци за продажбата, изготвување прегледи и извештаи за продажбата и производите;
  • Подготовка на соодветна документација за продажба.

​КАКО ЌЕ ЗНАЕШ ДЕКА СИ УСПЕШЕН:

  • Со исполнување на целите во: обем на продажба, активација на пазарот, задоволство на потрошувачите, дневно извршување и контрола на опрема.
  • Со добивање константен фидбек од твојот лидер, тим и потрошувачите.

Како да го направите тоа:
Кандидатите кои би сакале да станат потенцијален канидат и една од нашите тајни состојки, потребно е да изразат интерес на следниот начин: 

  • да пристапат на полето апллицирај (apply now) и да прикачат своја кратка биографија и писмо за интерес.

Огласот ќе биде активен до 31.12.2020 и сите кандидати кои ќе аплицираат и ќе го поминат дигиталниот процесот селекција, ќе бидат вклучени во нашата база на потенцијални таленти за идни отворени позиции.

Работниот однос се заснова на определено време од 6 месеци, со можност за продолжување договор на неопределено време. Неделното работно време за позицијата е од понеделник до петок, 8 работни часа.
Висината на основната бруто-плата зависи од тоа колку кандидатот ги исполнува условите на работното место.
Избор на пријавените кандидати ќе се изврши во рок од 45/90/120 дена по истекот на рокот за пријавување во зависност од бројот на пријавените кандидати.
Со праќање на Вашата апликација, давате согласност вашите податоци да бидат задржани и користени од компанијата во рок од 1 (една) година. 

Пивара Скопје АД една од водечките компании во Северна Македонија со 98 години традиција, богато портфолио на производи и број еден позиција на пазарот ви нуди вистински предизвик. Пивара Скопје АД е дел од големите интернационални семејства на Coca-Cola HBC и HEINEKEN.

Аплицирај
Испрати на пријател Принтај

СПОРЕДЕТЕ ЈА ВАШАТА ПЛАТА

Просечната плата во категоријата
Производство и Занаетчиство изнесува 24.798 MKD.

Дознај ја платата за посакуваната позиција според твоите квалификации!

Започни

Vrabotuvanje.com.mk користи колачиња (анг. cookies) за да ви овозможи подобро корисничко искуство. Со продолжување на прегледувањето на страницата се согласувате со употребата на колачиња. Повеќе за тоа можете да прочитате овде