Vrabotuvanje.com - Асистент контолер во оддел за контролинг - Охрид - КОСТАЛ МАКЕДОНИЈА
Сподели
Tweet
Сподели
Испрати на пријател

Асистент контолер во оддел за контролинг

Охрид

Рок за пријавување:

  • КОСТАЛ МАКЕДОНИЈА


 
КОСТАЛ е  денес еден од водечките добавувачи на сложени електронски и мехатронски производи за индустриски и автомобилски апликации. Вклучувајќи ја фабриката сместена во Охрид, КОСТАЛ е лоцирана  во вкупно  21 земја каде што работат повеќе од 20.000 посветени вработени кои ги снабдуваат сите најголемите производители на автомобили на 5 континенти. Фабриката на КОСТАЛ во Охрид во моментов ги снабдува БМВ, Мерцедес, Порше, Тесла и Ролс Ројс. 
 
Дали е важно за Вас, како што е и за нас, процесите континуирано да се унапредуваат и подобруваат, а работата со напредните технологии да стане дел од вашето секојдневие? 
 
Дали сакате да го збогатите вашето професионално и животно искуство во рамките на Компанија која овозможува професионален и личен напредок, обезбедувајќи  истовремено баланс помеѓу работата и приватниот живот.
 
Со нас – КОСТАЛ МАКЕДОНИЈА, можете да направите разлика!
  
КОСТАЛ МАКЕДОНИЈА има потреба од  
 
Асистент контолер во оддел за контролинг (Assistant Controller) 
 

Работни задачи и одговорности:
  • Третман на трансакции за внатрешно известување според интерни принципи на управувачко сметководство (вклучувајќи анализа и соодветно аплицирање на внатрешните процедури за извештаите до менаџментот),
  • Комуникација со останатите оддели и трети страни,
  • Подготовка на извештаи за раководството, вклучително и нестандардни анализи на трошоците врз основ на  барањата и тековните потреби на компанијата,
  • Води грижа за проектното и инвестициско евидентирање на сметководствени трансакции по одделни трошковни центри,
  • Развивање, спроведување и обезбедување усогласеност со внатрешните политики и процедури,
  • Тековни проекти за контрола, вклучително и надзор и проценка на постојните процеси и предлагање нови поефикасни процеси,
  • Поддршка на целокупните процеси на планирање, известување и усогласеност.
     
Образование, искуство, вештини:
  • Високо образование од Економски Факултет (сертификат за: сметководство, ревизија или финансиско сметководство ќе се смета за предност),
  • Искуство во производство на слична позиција ќе се смета за значајна предност,
  • Искуството за управување со проекти се смета за предност 
  • Способност за активно, ефективно, ажурно, брзо и аналитично работење,
  • Аналитичност, почитување на рокови, самоиницијативност и лојалност,
  • Напредно познавање на англиски јазик (чита, пишува, говори),
  • Напредно познавање на MS Office (Excel, Word, Access, e-mail),
  • Искуство во работа во SAP ќе се смета за предност.
     
Ако сте заинтересирани да се приклучите на нашиот тим, Ве молиме испратете ја вашета лична биографија “CV” и мотивационо писмо на англиски јазик преку полето “Брза апликација”, најдоцна до 27/11/2020.
 
КОСТАЛ Македонија е работодавач кој нуди  еднакви можности, посветен на ангажирање на разновидна работна сила и одржување на инклузивна култура. 
Брза апликација
Испрати на пријател Принтај

СПОРЕДЕТЕ ЈА ВАШАТА ПЛАТА

Просечната плата во категоријата
Останато изнесува 22.029 MKD.

Дознај ја платата за посакуваната позиција според твоите квалификации!

Започни

Vrabotuvanje.com.mk користи колачиња (анг. cookies) за да ви овозможи подобро корисничко искуство. Со продолжување на прегледувањето на страницата се согласувате со употребата на колачиња. Повеќе за тоа можете да прочитате овде