Vrabotuvanje.com - Бравар – заварувач - Скопје - ЛИБЕРТИ АД Скопје
Сподели
Tweet
Сподели
Испрати на пријател

Бравар – заварувач

Скопје

Рок за пријавување:

  • ЛИБЕРТИ АД Скопје

 
 
Либерти Скопје, дел од Либерти Стил Групацијата, е еден од најголемите производители на челични производи на Балканот и нуди ладновалани котури и табли, поцинкувани котури и табли и пластифицирани котури, главно за сегментот на општа индустрија на регионалниот пазар. 
 
 
Со цел проширување на нашиот тим, ги повикуваме сите заинтересирани лица да аплицираат за отворената позиција во нашата компанија: Бравар-заварувач 
 
 
Бравар – заварувач 
 
 
Клучни одговорности и задачи:
  • Врши демонтажа, поправка и монтажа на: хидраулични,пневматски и машински компоненти и делови
  • Активно учество во плански активности (замена на тркала, сајла, монтажа и демонтажа на редуктори и на други машински делови, итн), ремонти на кранови, врши подесување на кочници, замена на тркала и сите други браварски работи, неопходни за ипсправноста на кранот. 
  • Врши тековни и превентивни прегледи на линиите и тоа: 
  • Пополнува „Check” листи за проверка и го информира претпоставениот за одредени девијации 
  • Врши контрола на течење на масло од опремата
  • Го мери нивото на масло во резервоарите за хидраулика, моргоил, редуктор
  • Го контролира притисокот на масло и температура на системите од хидраулика
  • Го контролира притисокот на масло и температура во моргоил и редуктор систем
  • Ги контролира и по потреба санира системите за емулзија и подмачкување 
  • Внимава на состојбата на опремата во поглед на нејзиното движење, исправност, поставеност, бучава, темепеартура и испарување 
  • Активно учествува во отстранувањето на дефекти од машинска природа кои настануваат на линиите 
  • Ги спроведува потребните постапки за изолација и заклучување пред започнување со работа
  • Врши електро и гасно заварување на машински делови и делови од хидраулична, пнавматска и друга инсталација и соодветно (правилно) го употребува алатот за заварување 
 
Потребни квалификации:
  • Средно стручно образование
  • Работно искуство од мин. 3 години во областа
 
Личен профил:
  • Професионална експертиза
  • Строго почитување и примена на стандардите за Здравје и Безбедност при работа
 
Ве повикуваме да ја доставите Вашата професионална биографија - CV преку полето Брза Апликација со назнака “Апликација за Бравар-Заварувач“
Брза апликација
Испрати на пријател Принтај

СПОРЕДЕТЕ ЈА ВАШАТА ПЛАТА

Просечната плата во категоријата
Инсталации, Одржување и Поправки изнесува 24.722 MKD.

Дознај ја платата за посакуваната позиција според твоите квалификации!

Започни

Vrabotuvanje.com.mk користи колачиња (анг. cookies) за да ви овозможи подобро корисничко искуство. Со продолжување на прегледувањето на страницата се согласувате со употребата на колачиња. Повеќе за тоа можете да прочитате овде