Vrabotuvanje.com - Администратор за продажба - Охрид - КОСТАЛ МАКЕДОНИЈА
Сподели
Tweet
Сподели
Испрати на пријател

Администратор за продажба

Охрид

Рок за пријавување:

  • КОСТАЛ МАКЕДОНИЈА


 
КОСТАЛ е  денес еден од водечките добавувачи на сложени електронски и мехатронски производи за индустриски и автомобилски апликации. Вклучувајќи ја фабриката сместена во Охрид, КОСТАЛ е лоцирана  во вкупно  21 земја каде што работат повеќе од 20.000 посветени вработени кои ги снабдуваат сите најголемите производители на автомобили на 5 континенти. Фабриката на КОСТАЛ во Охрид во моментов ги снабдува БМВ, Мерцедес, Порше, Тесла и Ролс Ројс. 
 
Дали е важно за Вас, како што е и за нас, процесите континуирано да се унапредуваат и подобруваат, а работата со напредните технологии да стане дел од вашето секојдневие? 
 
Дали сакате да го збогатите вашето професионално и животно искуство во рамките на Компанија која овозможува професионален и личен напредок, обезбедувајќи  истовремено баланс помеѓу работата и приватниот живот.
 
Со нас – КОСТАЛ МАКЕДОНИЈА, можете да направите разлика!
 
КОСТАЛ МАКЕДОНИЈА има потреба од 
 
Администратор за Продажба (Sales Administrator) кој ќе се придружи на тимот на Key Account Management за Германските производители на автомобили (German OEMs). Известувајќи на Раководителот за Финансии и Администрација со истовремена директна комуникација до централните функции за продажби на КОСТАЛ групацијата оваа позиција е клучна за понатамошниот развој на локалната организација.

 
Работни задачи и одговорности 
  • Одговорност (контакт лице) за целосна поддршка на крајните купувачи (БМВ, Мерцедес, Порше, Тесла и Ролс Ројс), во блиска соработка со центарот за продажба во Германија. 
  • Одговорност при остварување на дефинираните годишни цели и таргети на одделот за продажба на КОСТАЛ Групацијата со целосна и директна одговорност кон крајните клиенти со фокус на VW, BMW и Daimler
  • Ги одржува сите датотеки и документација за сите проекти во согласност со интегрираниот КОСТАЛ систем за управување, како и во согласнот со стандардот за TS16949 подложен на ревизија,
  • Водење грижа и евиденција дека сите нарачки (Purchase Orders) се точни и навремени, обезбедувајќи дополнителна внатрешна обработка на истите, до нивно фактурирање и наплата согласно со дефинираните договорни обврски (особен фокус на нестандардни продажби кои не се дел од сериското производство),
  • Директна соработка со крајните клиенти (производители на автомобили и поврзани страни) настојувајќи им да им се обезбеди секаква помош во зависност од потребите,
  • Директна посета на клиенти, како и состаноци и телефонски конференции во врска со договори со релевантниот центар за продажба во рамки на КОСТАЛ групацијата, како и усогласеност со очекувањата на локалното раководство
  • Целосна одговорност при подготовка на периодичните циклуси за планирање продажби врз основ на релевантни анализи и истражувања на автомобилската индустрија во соработка со централата (Sales Forecasts, Budgets and Long term plans).
  • Наплата на побарувања од крајни купувачи (производители на автомобили), идентификација на ценовни и количински разлики и усогласување на истите
  • Активно учество во процесот на одобрување и финализација на обврски кон купувачите по основ на настанати штети во гарантен рок.
  • Следење на номинација и поврзани трошоци во врска со нови потенцијални проекти.
  • Анализа на продажби (споредби со план и причини за девијации вклучително volume – mix – price анализи)
  • Подготовка на извештаи за раководството, вклучително и нестандардни анализи за продажбите врз основ на  барањата и тековните потреби на компанијата,
  • Развој, имплементација и усогласување на интерни политики, процедури за работа и корпоративно управување во доменот на функциите за продажби; целосна одговорност за усогласеност со истите.
  • Одговорност за анализи и извештаи до раководството за продажби согласно долгорочна стратегија за подобрување процеси и воведување “Lean” иницијативи како и предлози за подобрување на квалитетот на продажбите (revenue quality).
 
Образование, искуство, вештини 
  • Мултитаскинг и управување со стресни ситуации се суштински одлики на идеалниот/ата кандидат/ка 
  • Лидерски и високо развиени комуникациски вештини
  • Способност за активно, ефективно, ажурно, брзо и аналитично работење,
  • Почитување на рокови, самоиницијативност и лојалност,
  • Искуството за управување со проекти се смета за предност
  • ВСС – Економија, (искуство во Инженеринг ќе се смета за предност)
  • 2+ години искуство во производство на слична позиција, како и познавање на електронски и механички производи и производи од лиена пластика ќе се смета за значајна предност,
  • Напредно познавање на MS Office (Excel, Word, Access, e-mail);
  • Напредно познавање на англиски јазик (чита, пишува, говори);
  • Познавање на германскиот јазик (значителна предност), како и искуство на работа во SAP
 
Ако сте заинтересирани да се приклучите на нашиот тим, Ве молиме испратете ја вашета лична биографија “CV” и мотивационо писмо на англиски јазик со известување за " Администратор за Продажба (Sales Administrator)" преку полето Брза Апликација.
 
КОСТАЛ Македонија е работодавач кој нуди  еднакви можности, посветен на ангажирање на разновидна работна сила и одржување на инклузивна култура.
 
Ве молиме имајте предвид дека само избраните кандидати ќе бидат повикани на интервју.
 
 
Краен рок за пријавување: 30/11/2020
Брза апликација
Испрати на пријател Принтај

СПОРЕДЕТЕ ЈА ВАШАТА ПЛАТА

Просечната плата во категоријата
Останато изнесува 22.029 MKD.

Дознај ја платата за посакуваната позиција според твоите квалификации!

Започни

Vrabotuvanje.com.mk користи колачиња (анг. cookies) за да ви овозможи подобро корисничко искуство. Со продолжување на прегледувањето на страницата се согласувате со употребата на колачиња. Повеќе за тоа можете да прочитате овде