Vrabotuvanje.com - Јуниор комерцијалист за набавки - Скопје, Илинден - Атлантик Група
Сподели
Tweet
Сподели
Испрати на пријател

Јуниор комерцијалист за набавки

Скопје, Илинден

Рок за пријавување:

  • Атлантик Група

Заврти нова страна исполнета со нови вкусови на искуство и не ја пропуштај оваа можност!  
Оваа позиција може да биде твојот следен предизвик! 

ЈУНИОР КОМЕРЦИЈАЛИСТ ЗА НАБАВКИ
 

 

АКО МИСЛИШ ДЕКА:
  • Имаш систематичен пристап при работењето и си ориентиран кон детали;
  • Си високо организиран/а и мотивиран/а да стекнеш нови знаења;
  • Ги применуваш пропишаните процедури и важен ти е квалитетот на извршените работни задачи; 
  • Си комуникативна, тимски ориентирана личност и те исполнуваат преговори со добавувачи; 
  • Ти е познато комерцијалното работење и планирање во производството;
  • Имаш Високо образование (пожелно Економски или Технолошки факултет);
  • Имаш релевантни искуства во ЕRP системите (пожелно);
  • Имаш напредно познавање на англискиот и солидно познавање на српскиот јазик;
  • Имаш напредно познавање на MS Office пакетот (Excel);
  • Поседуваш возачка дозвола Б категорија.
 
ТОГАШ ПОЗИЦИЈАТА ЈУНИОР КОМЕРЦИЈАЛИСТ ЗА НАБАВКИ ТИ НУДИ МОЖНОСТ ДА: 
  • Вршиш набавка на производи и услуги зависно од потребите на правните лица и водиш евиденција за квалитетот и цената на производите;
  • Бидеш во контакт со добавувачи и да ги анализираш нивните понуди за производите или услугите кои ги нудат;
  • Нарачуваш производи од добавувачите, организација на увоз и комуникација со шпедицијата и државните органи околу потребните дозволи и постапки за увоз;
  • Водиш евиденција за потребната документација за набавка од добавувачите (спецификации, сертификати и атестови), припрема на документацијата потребна за прием или рекламација, како и извоз на производи;
  • Учествуваш во мулти-функционални тимови околу подготовките и реализацијата на набавките;
  • Го координираш планот за набавка со планот за производство и потребни залихи, како и работата на производството, одржувањето, магацинот и набавките;
  • Изработуваш налози за издавање на готови производи и потребни фактури за купувачите; 
  • Помагаш во подготовката на годишните планови за набавка на суровини и нивната динамика на имплементација;
  • По потреба ги дефинираш потребите и плановите на производството и истите ги усогласуваш со достапните ресурси, во согласност со постапките за нарачување на материјали. 
 
ОД НАС МОЖЕШ ДА ОЧЕКУВАШ: 
  • Атлантик Група ти нуди многу бенефиции; покрај стимулативна работна средина со најнова технологија и услови на работа, тука се и божиќница и регрес, како и бројни поволности за вработените (подароци и бенефиции);
  • Нашите вработени имаат на располагање низа различни едукации и развојни програми во согласност со деловните потреби;
  • Во Атлантик на нашите вработени им пристапуваме холистички и важно ни е да се чувствуваат добро во сите аспекти од својот живот и да постигнат баланс помеѓу приватниот и деловниот живот: Atlantic Body, Atlantic Mind, Atlantic Spirit и Atlantic Soul се различни програми кои ти овозможуваат да се посветиш на она што ти е важно, било да станува збор за спортски активности, едукации или волонтирање;
  • Сепак, она што е најважно не е напишано на хартија, ќе работиш во луѓе кои ја сакаат својата работа и функционираат како мускетарски тим – сите за еден, еден за сите! 

Заинтересиран си? Пријави се и дај ни можност да се запознаеме.   
Атлантиковци 

Аплицирај
Испрати на пријател Принтај

СПОРЕДЕТЕ ЈА ВАШАТА ПЛАТА

Просечната плата во категоријата
Продажба изнесува 22.310 MKD.

Дознај ја платата за посакуваната позиција според твоите квалификации!

Започни

Vrabotuvanje.com.mk користи колачиња (анг. cookies) за да ви овозможи подобро корисничко искуство. Со продолжување на прегледувањето на страницата се согласувате со употребата на колачиња. Повеќе за тоа можете да прочитате овде